Официјално од Ливерпул вечеров го потврдија нивното ново засилување, Џердан Шаќири кој доаѓа од Стоук Сити.

Швајцарскиот репрезентативец се сели на Енфилд после реализираниот трансфер, за кој Ливерпул плати 15,3 милиони евра.

Шаќири од 2012 до 2015 година играше за германскиот гигант Бајерн од Минхен, потоа еден краток период во Интер од Милан, па Стоук и сега започнува нова сезона со Ливерпул.

Неговата статистика во Стоук кажува дека во 84 натпревари успеал да постигне само 15 голови во англискиот Премиершип.

Останува да видиме како ќе се снајде во новата средина, под раководство на Јирген Клоп.

MD