Заев: Утре нова лидерска, однесувањето на Мицкоски неодговорно

0
154

Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјејктки и граѓаните на Македонија, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во клубот на пратениците.

Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.

– Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцира Заев.

Заев по лидерската средба изјави дека на средбата било разговарано за можното референдумско прашање, како и за тоа референдумот да биде консултативен.

-Оваа лидерска средба ја свикавме за да одлучуваме заедно и да избереме стабилност, безбедност и иднина. На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговораме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба, која почна пред час и половина во Клубот на пратеници. Тој рече дека изразил револт поради форматот на с

редбата. Мицкоски упати апел до Заев да свика нова средба најдоцна до понеделник, но во стариот формат два плус два, односно меѓу лидерите на четирите најголеми партии.

Тој ги обвини владејачките партии за девијантно однесување поради поднесувањето на измените во Изборниот законик.

– Исто така како ВМРО-ДПМНЕ изразивме сериозен револт и несогласување и негодување на девијантното однесување од страна на владините претставници и владејачкото мнозинство во текот на вечрашниот ден кога на еден начин неделовнички којшто досега не беше пракса во политичкиот живот во Република Македонија се утврди потребата од промена на Изборниот законик без поддршка на најголемата опозициска партија, а се со цел да се намали потребниот број пратеници кога се усвојува составот на ДИК од 80 на 61, рече Мицкоски, додавајќи дека тие како ВМРО-ДПМНЕ изразиле револт и ги кажале причините поради кои го напуштаат овој состанок на парламентарните политички партии.

Извор:НоваТВ/Фото:МИА