РЕЏЕПИ: Вистинските следбеници на Крушевскиот Манифест

0

Ова повеќе ми наликува на манифест пишан од Zoran Zaev отколку на оние кои лажно се китат со перјето на илинденците. По делата се гледа кој е чив наследник и кој за што се бори:
„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода… “„…Ние не дигнафне пушка протиф вас – това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот – тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме – доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите…“
________________________________________
Османлиите знаеле после битка да им одадат почест на оние кои храбро и жестоко се бореле против нив. Храбрите живеат вечно! Уште тогаш основачите на Крушевската Република тежнееле кон праведно општество, општество кое за жал ние сèуште не можеме да го достигнеме ни во 21. век, но сепак тежнееме и се надеваме да го постигнеме во наредниот период со евроатлантските интеграции.
А гореспоменатите кои лажно се китат со перјето на илинденците и кои го одбија предлогот Илинденска Македонија, се срамат ли денес? 30. септември им е ден да се искупат и поправат или вечно да останат на историскиот ѕид на срамот!
Слава им на сите што се борат, се бореле или животот го дале за вистината и правдата на нашите простори и во светот!

Пишува: Јасмин Реџепи