Рестрикции на водоснабдување на населба Подгорци

0
577

Почитувани, жители на населба Подгорци, Ве известуваме дека од денес 12.08. 2018, заради зголемената активнос на неконтролирана и не економична потрошувачка на вода, од страна на жители на населба Подгорци, принудени сме да воведеме рестрикции во водоснабдувањето на населбата, односно домаќинствата.

Ваквата одлука е донесена, пред се како не би се довеле во состојба од недостиг на вода, како за пиење, така и за наводнување и друга намена.

Рестрикциите ќе започнуваат односно ќе бидат со времетрање 01.00 до 05.00 часот наутро.

Рестрикциите ќе траат се додека се утврди дека не постои опасност од можно нарушување на нормалниот тек на снабдување со вода.

На крај, уште еднјаш ги повикуваме жителите на Подгорци, совесно и економично да ја користат водата, односно да не бидем доведени, заради полевање на различни површини, пред се патиштата и други делови од своите домови (дворови) да бидеме принудени дополнително да го прошириме времетраењето на рестрикциите.

Се навдевама на ваше разбирање.

Со Почит !

Месна Самоуправа Подгорци