Ердоган со порака до САД: „Со нас не можете да разговарате со заканувачки јазик“

0
694

ОРДУ (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, осврнувајќи се на напнатоста во релацијата на неговата земја со Соединетите Американски Држави (САД), порача дека со турскиот народ не може да се разговара со заканувачки јазик, јавува Anadol Agency (AA).

Ердоган престојуваше во турскиот црноморски град Орду, каде им се обрати на собраните граѓани, а во оваа пригода се осврна и на актуелните случувања. Во фокусот на обраќањето на Ердоган беа тензиите во релацијата на односите со САД.

„Ни се закануваат, но со нас не можете да разговарате со заканувачки јазик. Ние го разбираме правниот јазик. Ќе го направиме сето она што го налагаат правото и правдата. ’Нема никого да предадеме‘, нека остане кај вас, нам ни се доволни оние кои ги имаме“, рече Ердоган, и додаде:

„Ако паднеме, ние сигурно ќе станеме од тоа место. Станавме вчера, ќе станеме и утре. Само мојот народ нека остане на нозе.“

Ердоган им порача на Американците дека е штета што САД се во состојба партнер во НАТО да менуваат за еден свештеник, мислејќи на американскиот свештеник Ендрју Брансон, кого го уапси турската полиција поради обвиненијата за пружање поддршка на терористичката организација.