Сирија: Во експлозија во Идлиб загинаа 32, повредени 45 лица

0
89

ИДЛИБ (АА) – Во експлозијата што се случи во подрачјето Сермада во сирискиот град Идлиб, според првичните сознанија, животот го загубија 32 лица, додека 45 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).

Мустафа Хаџ Јусуф, директор на Цивилната одбрана во Идлиб, во изјава за АА истакна дека во околу 4:00 часот изутрина се случија големи експлозии во место во подрачјето Сермада каде што живеат лица раселени од северниот дел на Хомс

„Како резултат на експлозијата, се сруши шесткатна зграда во која живеат лица раселени од северниот дел на Хомс, загинаа 32 цивили, додека најмалку 45 лица се повредени“, нагласи тој,

Јусуф истакна дека во операциите за пребарување и спасување, под урнатините се извлечени 13 трупа на цивили, и дека повредените се пренесени во околните болници. Според него, голем број згради и возила се оштетени.

Операциите на Цивилната одбрана за пребарување и спасување се во тек, а властите ја истражуваат причината за експлозијата.