(Фото/Видео) Од годинешнава Подгоречка традиционална алва по повод Курбан бајрам 2018

0
1670

И оваа година, како и претходната, во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, со подготовката и делењето на познатата традиционална Подгоречка алва, му посакавме добредојде на Курбан Бајрам.

Како што знаете, оваа активност која и веќе стана дел од нашава малска традиција на подготвување на познатата подгоречка алва, сакавме да му посакаме добредојде на овој наш светол празник, и се разбира да укажеме на ова негово значење меѓу муслиманите.

Материјалот од кој го изработуваме, лично ни се донира од наши сограѓани кои сакаат да ја продолжиме оваа наша традиција, ИншаАллах ова традиција да ја продолжиме понатаму и да си дочекаме и наредната година – ни изјави г-динот Ибрахим Максутоски еден од најстарите активисти на оваа традиција кој ја започна и еве и ова година продолжува и понатаму.

И токму денес на ден Арифе, кога нашите хаџии предстојуваат на Арефат и го очекуваат утрешниот ден, почеток на Курбан Бајрам, така и кај нас група на наши сограѓани со изработката на познатата традиционална алва, решија да го прослават овој ден Арифе, и се разбира да му ги отворат вратите на предстојниот и светол празник на муслиманите Курбан Бајрам.

На овој начин сакаме да укажеме на почитувањето на нашите празници, кои ни доаѓаат во пресрет, се разбира денес е Арифе, а утре ни доаѓа Курбан Бајрам, од тука на сите припадници на исламската вероиспивест би сакале да им посакаме се најдобро во иднина, багосостојба, мир, убавина и се што миже да му се посака на еден брат, сосед, роднина и пријател. Исто така да ги поздравиме и нашите пријатели, браќа, и роднини кои се надвор од нашиве населби да им го честитаме Курбан Бајрам и да им посакаме се најдобро, и иншала и тие следниот празника, да ни бидат тука покрај нас, – ни изјавија Подгорчаните кои со радост и мерак ја подготвуваа овогодинешва традиционална алва.

А, ние почитувани во продолжениe на ова информација, Ви пренесуваме дел од регистрираните фотографии и видео.