(Видео) Ваши реакции: “За екологијата и нашите проблеми со неа..“

0
1552

Нашиве населби се карактеризираат со голем број на проблеми, повеќето се провлекуваат од поодамна – инфраструктурни ( водовод, канализација, пат и др..). , меѓутоа во последниве години се појавваат и проблеми кои се од сериозен карактер а се однесуваат директно по здравјето на луѓето на нашиве населби.

 

Станува збор за проблемите околу депониите кои самите граѓани на овие неселби ги формираат, односно создаваат места каде слободно се одлага секако вид на ѓубре и друг вид на отпаден материјал, без и малку трунка совест дека со таквата постапка се доаѓа со загадување на околината во која живееме и низ која се движиме, и дека истата директно влијае на здравјето на нашите жители.

Иако во повеќе наврати сме реагирале за ваквите постапки на нашите сограѓани, кои директно влијаат на нашето здравје и создаваат слика за нас како (не) совесни граѓани, сепак ваквата тенденција продолжува и понатаму.

Овој пат во нашето вонредно издание на емисијата “Рефлексија“ ви ја представуваме реакцијата на нашиот сограѓани и долгогодишен поборник за заштита на животната средина г-динот Реџо Адемоски, кој реши преку својот апел во лично име, како и представник на Месната Самоуправа Подгорци, да укаже на сериозноста и начинот на решавање на ваквите проблеми, кои за жал и понатаму ни се наметнуваат од групи на наши сограѓани а сето тоа влијае врз нашето здравје, притоа истотака да ги повика и надлежните институции да превземат соодветни активности во рамите на своите должности и можности – надополни г-динот Адемоски.