И официјално од вчера започнаа активностите околу реализацијата на еден од најважните проекти и долгогодишен проблем на населба Лабунишата.Станува збор за реконструкција (асфалтирање) на застарената подлога и повеќе пати крпена подлога на локалниот пат кон населба Лабуништа и населба Боровец.

Со предвидената реконструкција предвидено е асфалтирање во должина од 1400 метра почнувајќи од делот познат како “Кореа до делот на поранешна Алумина“.

Завршното поставување на асфалтната подлога (асфалтирање) во зависност од градежните работи и временските услови, предвидено е да започне во четврток.

Во текот наредниве неколку денови предвидено е да се дозавршат активностите околу изведбата на одводен канал за атмосферски води по должината на целиот пат, со што дополнително ќе се заштити патната конструкција од понатамошно оштетување, а истовремено се врши расекување на гранките и одстранување на друг отпаден материјал – ни изјави г-динот Мурат Шабани советник во Општина Струга.

Потсетуваме дека реализацијата на овој проект изгласан е во програмата за инфраструктурни објекти на барање на пратеникот Агим Шаќири, а подржан од коалицијата на централната власт.

Покрај тоа, би сакал да потсетам дека благодарение и на сегашниот градоначалник на Општина Струга г-динот Рамиз Мерко и неговиот допринос, овој проект уште повеќе доби на тежина за негово што поскоро решавање, односно реализирање.

Досегашните активности кои се вршат во овие денови околу подготовката за реконструкцијата,(асфалтирање) се врши со средства одобрени од страна на Општина Струга – ни надополни г-динот Шабани.