ЕГИПЕТ: Британски брачен пар починал од бактерија E. Coli во хотел во Хургада

0
503
Британската туристичка компанија Томас Кук (Thomas Cook) евакуирала 301 турист од хотел во Хургада, Египет, откако двајца туристи починаа на 21 август.
Џон Купер (69) и неговата сопруга Сузан (63), кои работеле за компанијата во Велика Британија,  пронајдени биле мртви истиот ден во хотелот Steigenberger Aqua Magic на Црвеното Море. Не се знаела причината за смртта, па до тогаш во хотелот избувнала паника.
БиБиСи потврди дека оваа двојка починала од E. coli бактеријата. По смртта на британската двојка, инспекција била испратена до хотелот, во која се откриени високи нивоа на E. coli. Истрагата за нивната смрт траеше повеќе од три недели.
Минатата недела околу 200 лица поднесоа жалби против хотелот каде што престојувала двојката.