Турскиот суд одлучи: Аја Софија нема да биде претворена во џамија

0
497

Турскиот Врховен суд денеска го отфрли барањето Света Софија, односно познатата Света Софија во Истанбул, која во моментов е музеј, повторно да се претвори во џамија, објави агенцијата Анадолија.

Се наведува дека барањето на верската организација било одбиено, со образложение дека било поднесено од здружение, а не од поединец.

Поранешната византиска црква беше претворена во џамија по турското освојување на Цариград во 1453 година, за подоцна Кемал Ататурк во 1935 година да ја претвори во музеј кој секоја година привлекува милиони туристи.

Сепак, во Истанбул, има сè повеќе и повеќе повици упатени до владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за повторно овој симбол на градот да ја претвори во џамија.

Ердоган, во март се молеше во Аја Софија.