Тајфун во Кина урива сё пред себе, на Филипините усмрти најмалку 49 лица

0
188
Супер тајфунот Мангхут на Филипините однесе најмалку 49 животи, објави АФП. Сега пристигнал до јужниот дел на Кина.
Властите во Хонг Конг издадоа најсилно предупредување за бура, а повеќе од 100 лица биле повредени во ветровите кои се движеле до 230 километри на час.
Ветрот носи сё пред себе, на снимките од социјалните медиуми може да се види кршењето на дрвјата, уривањето на згради, превртување на автомобили …
Сообраќајот е во прекин, а во многу населени места нема електрична енергија.
Минатата година тајфунот Хато ја опустоши ова областа. Тогаш загинаа, девет лица, материјалната штета беше огромна, а властите беа критикувани бидејќи не беа добро подготвени.