Турскиот претседател Ердоган во посета на Руската Федерација

0
229

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на рускиот град Сочи, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од прес-службата на турското Претседателство соопштија дека Ердоган утре ќе допатува во Руската Федерација.

„Во рамки на посетата, претседателот (Ердоган) ќе оствари билатерална средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Во рамки на агендата, се предвидува одржување на меѓуделегациска средба со учество на надлежните министри и власти на двете земји. За време на средбите ќе се разговара околу темите од агендата на билатералните односи помеѓу Турција и Русија, во областа на политиката, економијата и енергетиката. Исто така, ќе се разменат мислења за одредени регионални и меѓунардни прашања, пред сѐ околу Сирија“, се вели во соопштението.