Археолозите во Египет открија древна сфинга

0
179

КАИРО (АА) – Од Министерството за антиквитети на Египет објавија дека археолозите откриле статуа на тело од лав со човечка глава во градот Асван, на југот на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Денес од Министерството е соопштено дека сфингата од камен песочник е пронајдена во храмот Ком Омбо, во текот на активностите за заштита на наоѓалиштето од подземните води.

Мустафа Вазири, генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, истакна дека статуата веројатно датира од периодот на Птоломејски Египет. Птоломејската династија владеела со Египет околу 300 години, од 320 до 30 година пр. н.е.

Египет се надева дека ваквите откритија ќе го поттикнат развојот на туризмот, стопанска гранка која претрпе голема штета по политичките превирања по протестите во 2011 година.