Марш „Излези За“: 30 септември е ден за испишување историја

0
89

Со транспаренти за поддршка на референдумот, во Скопје попладнево се одржа марш што го организираше Коалицијата „Заедно за европска Македонија“, кој заврши пред седиштето на Европската комисија каде говореа премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Од нас зависи иднината за нас, нашите деца и тие што доаѓаат. Никој не може друг да ја донесе оваа одлука. Но јас знам дека овој мултиетнички народ е исправен пред оваа одлука и че се носи сериозно со неа. Ќе обезбедиме иднина за нашите деца, ќе обезбедиме европска Македонија, рече Заев во обраќањето.

Тој потсети на 8 септември 1991 година, кога како што рече народот обединето и сплотено донесе одлука и гласаше за нашата независност.

-И тогаш имаше дилема дали ќе не биде, како не, дали обезбедиме напредок како сите земји. Но луѓето гласаа со разум и со љубов за својата земја, и во огромно мнозинство, сплотени донесоа одлука со која денес се гордееме – за независна Република Македонија, рече Заев.

Тој тогашната ситуација ја спореди со денешната.

И денеска имаме сон – перспектива за децата, подобро образование и здравство, раст и развој, прогрес, насмеани лица. Сонуваме сите 27 години и еве не денеска донесовме крупни опдлуки и денеска сме исправени конечно да го оствариме овој наш сон, и да ја зграпчиме оваа шанса и да се исправиме пред предизвикот на нашата генерација и да обезбедиме европска иднина за нашите деца и генерациите после нас. Ова наше заедничко патување овие 27 години е на дофат, за остварување на сонот за европска Македонија, рече Заев.

Говорејќи за Договорот со Грција, тој рече дека е резултат на компромис, бидејќи, како што рече, само така можевме да одиме напред и тој ни отвора перспектива за подобра европска Македонија.

-Прифативме додавање на зборчето Северна во името и сите знаат дека тоа е правилно. Од историска смисла, ние сме севрниот дел. И што ќе правиме? Ќе нападнеме, ќе освојуваме други земји во 21 век? Не. Македонија треба да гради пријателство, да подава рака, да гради иднина. И не само што успеавме да го зачуваме иднетитетот и јазикот, туку и да го зајакнеме. Грција го признава нашито јазик македонски и нашиот македонски идентитет. Најдофме формула за да се признаеме и да градиме иднина, испишавме европска историја. Да бидеме горди дека имаме најдобар договор на свет, подобар никој не може да добие. Договорот ги исполни вековните аспирации на нашите дедовци и татковци. Конечно добивме држава признаена од сите, од цел свет, во која живее македонски народ признаен од цел свет и зборуваме македонски јазик признаен од цел свет, рече Заев.

Обраќајќи му се на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски, Заев рече дека не е време за политичко калкуланство, и ја повика неговата партија и сите други партии за заедништво.

 

-Ако ние двајцата сме за НАТО и за ЕУ, ајде заедно да застанеме и да одбработиме за Македонија, за моите и за твоите деца, за нашите деца, за генерациите што доаѓаат после нас, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните на 30 септември, со гласање „за“, како што рече, да му покажеме на светот дека го почитуваме пријателството и подадената рака.

-До сите неопределни или неодлучени граѓани: Не мислете дека има резервна варијанта и дека ова секако ќе го биде. Не. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Ветивме референдум и еве. Тоа е алатка на демократските општества. Само преку одлука на граѓаните ќе имаме обезбедена иднина. Се останато е пропаст и безвредно за размислување. И затоа сите сме исправени пред сериозна одлука. За таа одлука не се седи дома, не се бараат изговори, туку се излегува и се гласа. Не мислете дека некако ќе ја биде. Не. Аамо сполтени и единствени за единствена европска Македонија, порача Заев во обраќањето на крајот од Маршот.

Џафери: Единствено европската кауза носи перспектива

-Тука сме да укажеме на неопходноста на овој процес кој се очекува да е заокружи на 30 септември, кога нашата свест како граѓани ќе има смисла заштото нашата татковина РМ ќе се вброи во цивилизирани народи и во политички и во безбедносен аспект. Заедно со премиерот Заев ние заедно го изразуваме нашето убедување, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето.

Тој појасни дека Македонија е прототип за соживот меѓу народите кои одлучиле да живеат токму тука, додавајќи дека неговата генерација и онаа на премиерот се свесни за сите предизвици.

-И тој ден доаѓа. Со референдумот имаме голема шанса за потврдување на нашата мудрост  за посветла иднина. На оние кои се двоумат им велиме да се прикучат кон карванот на европската кауза која е единствената која носи повеќе можности за сите граѓани, поголеми перспективи за сите, како поединци, како граѓани и за нашата заедничка држава.

-Ако во оваа земја од независноста во различни периоди имало прашања што не делеле, членството во ЕУ и НАТО стануваат кохезија, муетничка, меѓупартиска и меѓуверска кохезија за заедничка перспектива. Тие се и ќе останат нашата стратешка определба за која сите граѓани сите политички чинители секогаш биле сплотени и едногласни, рече Џафери.

Пред Заев и Џафери говореа новинарот Томислав Кежаровски и актерката Сања Арсовска, кои објаснија зошто ЕУ и НАТО е се перспектива за нивните и за идните генерации.

 

Кежаровски, кажа дека е време да се свртиме кон иднината, оти Македонија треба и мора да иде напред.

– На 30 септември јас ќе заокружам за, за промена кон подобро. Јас ќе заокружам за, за држава каква што заслужуваме, порача Кежаровски.

Маршот започна попладне од пред зградата на Црвениот крст и се движеше кон седиштето на ЕК.

Со транспарентот „Излези ЗА! европска Македонија” граѓаните ги предводеа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите Никола Димитров, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Собирот пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Македонија започна со интонирање на македонската химна и на Одата на радоста.

На маршот присуствуваа повеќе илјади граѓани. Меѓу нив имаше и од Скопје и до внатрешноста, кои организирано со автобуси пристигнаа во главниот град.

Извор:НоваТВ