Тајфун Мангхут: Милиони евакуирани во јужна Кина, на Филипини 64 жртви

0
103

Силниот тајфун Мангхут денеска ја погоди јужната кинеска покраина Гуангдунг, откако претходно ги зафати Филипини, носејќи со себе силни ветрови и дожд, при што најмалку 64 лица го загубија животот, но се стравува и дека уште десетици лица се затрупани под земјата од многуте свлечишта предизвикани од тајфунот.

Над 2,4 милиони лица денеска се евакуирани од Гуангдунг, каде дуваат ветрови со брзина од 162 километри на час.

Властите во јужниот дел на Кина издадоа црвено предупредување, бидејќи Националниот метеоролошки центар соопшти дека регионот ќе се соочи со „сериозен тест, предизвикан од ветер и дожд“ и ги повика претставниците да го подготват населението за можна катастрофа.

Откажани се стотици летови, брзите возови не сообраќаат, а прекинат е и железнички сообраќај на некои места.

ТАСС јави дека најмалку 111 лица денеска побарале лекарска помош во болниците на Хонгконг, откако ветрот низ оваа област мина со брзина од над 150 километри на  час.

– Во најсилните налети, ветерот достигна брзина од 189 километри на час, соборувајќи скелиња, дрва и сообраќајни знаци, јавија локалните медиуми.

Објавено е предупредување од експертите дека се очекува оти Мангхут ќе биде најсилниот тајфун што го погодил тој град во изминатите децении.

Новото на морето пораснало до 3,5 метри на некои места, брановите ги прекриваат патиштата и ифрлаат живи риби, а водата зафатила и некои населби и трговски центри во источниот дел на Хонгконг.

Извор:НоваТВ