Првпат по 7 години, локални избори во Сирија

0
211

Во Сирија денеска се одржуваат првите локални избори по 2011 година на кои се очекува да победат кандитатите на владејачката партија БААТ.

На изборите учествуваат повеќе од 40.000 кандитати за 18.478 пратенички места.

Ова се први локални избори од почетокот на граѓансаката војна во земјата, а се одржуваат на поголема територија за разлика од претседателските избори во 2014 година, бидејќи Владата во меѓувреме врати под своја контрола поголем дел од територијата.

Изборите не се одржуваат во курдскиот регион чии лидери бараат федерализација во која Дамаск би ја почитувал нивната автономија.