Дестабилизација на Турција – Американски напад на Европа ?

0
550
Може да звучи како теорија на заговор, ама можна “Миграциска криза 2” предизвикана со колапс на Турција дополнително ќе ја подели Европа, од што корист би имале Трамп и САД.
Барајќи одговор на многу настани, секогаш е најдобро да прашате кој од тоа има корист ? Уште од античкиот Рим, одговорот на прашањето “Cui bono?” беше  патот до точниот одговор.
Ова подеднакво важи и за Украина, за војната во Сирија и сега кога во прашање е Турција, која оди во насока на економска и финансиска криза, бидејќи турската лира паѓа и тешко го поддржува големиот надворешен притисок.
Со мерките на Турската централна банка и продажбата на злато на крајот од минатата недела, турската валута кратко се стабилизираше на уште неповолна стапка од 6,34 турски лири за еден американски долар.
Точно е дека треба да се земат предвид очигледни внатрешни фактори, како што се корупцијата, непотизмот, дефицитите на тековната сметка и девизните кредити, но тоа не е сè.
Ако сакате да  дестабилизирате некоја земја, нападнете ја на најслабото место. Во случајот со Турција, тоа е валута на која е лесно да се изврши силен притисок користејќи “монетарни оски”. Џорџ Сорос, то во 1990-тите, “виртуозно” го покажа со британската фунта и со италијанската лира.
Но, за што се работи? Ако Турција финансиски и економски пропадне, ќе пукне браната која во турските граници ги држи сите бегалци и мигранти од регионот. Ако два до четири милиони луѓе тогаш тргнат кон Централна и Северна Европа, во веќе постоечкиот раскол и во инаку нефункционалната ЕУ ќе стане несовладлив.
Трамп порано во Европа, односно на  европските сојузници во Пактот на НАТО, и најважните трговски партнери, со исклучок на Велика Британија, ги нарече “непријатели” и “противници” на САД.
Во чиј интерес е фрагментирана Европа која премногу е преокупирана со себе? Доналд Трамп и неговата неоконзервативна влада, заради силните  економски и финансиски притисоци претпочитаат да преговараат со поделени и скарани држави.
Но, тоа не е сè. Дури и Вашингтон успева на свој наум, на релативно добрите односи меѓу Турција, Иран, Русија и Кина не може да влијае. Купувањето на против-авионскиот одбранбен систем С-400 од Русија е подеднакво болна ситуација за Вашингтон како и соработка меѓу Иран и Катар, или многу добри односи меѓу Анкара и Пекинг.
Промената на валста во Анкара, воедно би била извонредна можност за Турција да се врати во прегратките на НАТО пактот.
Сето заедно може да биде само теорија за заговор, но сумата од многу индивидуални настани ни кажува да си го поставиме прашањето дали тоа е токму така? Добро прашање. Особено во однос на она што треба да го очекуваме во развојот на настаните во Турција.