ЖИВОТ ЗА СИТЕ ИЛИ САМО ЗА НЕКОИ (6-дел): На патот за ветените земји на ЕУ

0

Господине премиер, кога веќе сакаме да одиме во ЕУ и НАТО, а сигурно сакаме, Би сакале да ве поправиме во една навистина грешка која во многу наврати Ви се повторува, дека со влегувањето во ЕУ и НАТО од економски и безбедносен аспект ќе ни биде многу добро.

Во ова се сложувам, меѓутоа не се сложувам со фактот што сеуште ги посетувате и убедувате луѓето во нашиве краишта за придобивките од ЕУ и НАТО, а знаете зошто, еве малку ќе ви објасниме на малку посоодветен начин.

На долу приложената фотографија ( со сета почит кон автопревозникот ) моите пријатели, роднини,другари, и пред се секогаш лојални ТОРБЕШИ на оваа наша жална Македонија веќе одамна влегуваат во ЕУ и веќе се влезени, и се снаоѓаат токму кој како знае и умее, само за да преживее и овозможи подобро утре..

Ветувањата никогаш немаат крај, меѓутоа за жал и тие повеќе нема да важат, бидејќи горе наведените автобуси веќе ги носат сите оние кои повеќе не можат да издржат од ветувањата кои секогаш на крајот остануваат празни и ништо повеќе, односно тие се исполнуваат само за паразитите кои за жал околу вас ги има уште повеќе и повеќе, односно луѓе кои навикнале само да цицаат од кесето на државата и ништо.

Се додека околу вас има такви паразити, за жал наскоро нема да имате потреба да ни доаѓате и убедувате за подобро утре, бидејќи тоа утре за ителектуалците, и вредните луѓе ќе се разденува во некоја друга Западно европска држава, само не во оваа нашава жална Македонија.

Верувајте, не ве лажам. Еве само погледнете на фејсбук и ќе видете кој каде се наоѓа и од каде поздравува. Или пак доколку сакате зошто овие мои ТОРБЕШИ ја напуштаат ова наша преубава Македонија, испратете некој ваш функционер за дијаспора и иселеници на автобуската која нас веќе ни е добро позната (ВАКЧАРЕ), па прашајте ги зошто си заминуваат и како се чувствуваат, а не да ги испраќате таму каде што веќе се ситуирале и да глумиме заинтересираност за граѓаните на ова наше мало парче, демек како им е таму и дали им е убаво…

Се разбира, заминувањето и влегувањето во ЕУ не е од вчера и пред Вие да дојдете на власт луѓето си заминувале.. Не сте виновен вие. Меѓутоа за жал Виновни сте за тоа што продолживте со истиот тренд. Можеби вашите аналитичари ви кажуваат нешто сосема друго различно од вистинската слика, која што за жал секога е различна од реалната. Бујрум повелете во уште една посета на нашиве краишта, за да видете како изгледа статистиката, како репер земете ги училиштата или ЕВН колку броила од домаќинствата се исклучени, па веднаш ќе ви биде јасно кои се вистинските бројки.

Доколку вашата политика навистина ваква каква што е, Јас лично не се сложувам, и ќе очекувам некој автобус, авион или воз за некоја ветена земја од каде што ќе Ве поздравиме и посакаме се најдобро во иднина, на вас, и за жал овие наши локални (Струга) паразити, како од едната и другата страна (СДСМ-ДУИ), па нели е човечки да се посака се најдобро, а како ќе биде понатаму само еден господ знајт.

Колку за крај, едно мало потсетување можеби сте заборавиле, во прилог Ви испраќаме едно-две фотографии од вашата посета на ова наше преубаво место, меѓутоа за жал повеќето од таа фотографија ЖИВОТОТ ЗА СИТЕ ги однесе на друго место, или пак некои веќе се подготвуваат..


И да се надоврзам на убавата препорака од страна на г-динот Сафет Бишевац кој ве посоветува да го очистете криминалот во вашите редови,(Нас псоебно не интересира за Струга) а ние ќе Ви препорачаме, тоа да го направите и во редовите на вашите коалициони партнери бидејќи работава вака не бидува…

Дотогаш, се надевам на следниве избори, доколку дочекаме на редовни, бидејќи не ни траат повеќе од две години, гласачките кутии ќе треба да ги носите со вас по земјите на ЕУ за истите тие кои Ви дале глас и си заминале повторно да Ви ја дадат довербата..

Со почит!
Нареден иселеник во некоја друга ветена земја..

( кој во наредниот период ќе Ве потсетува на многу работи)..