Припадниците на ФСА подготвени за соработка со Турција во Идлиб, ама и на внимание од можно руско предавство

0
568
Сириските милитанти во Идлиб соопштија дека се подготвени да соработуваат со Турција, но исто така истакнуваат дека немаат намера да го предадат оружјето ниту териториите што ги контролираат. Потсетуваме, Турција и Русија постигнаа договор овој понеделник дека провинцијата Идлиб треба да се демилитаризира.
За почеток, до 15 октомври треба да се создаде тампон зона, како што посочува рускиот претседател Владимир Путин, од 15 до 20 километри, и во истата ќе патролираат руски и турски сили.
Групата ФСА, која Турција ја обедини во нова организација – Национален фрон на ослободување – порачале дека се подготвени за “целосна соработка со сојузничкаТурција”, но во исто време ќе бидат на внимание од “од секаков вид на можно руски предавство, било од режимот или од Иранците”.
“Нашиот прст ќе биде на окинувачот и нема да го напуштиме своето оружје, земјата или нашата револуција”, се вели во соопштението.
Веќе сега се гледаат разлики во толкувањето на договорот. Имено, Путин соопшти дека “цела опозиција” треба да го спушти тешката оружје до 10 октомври (тенкови, минофрлачи, ракетни системи, итн.). Ердоган, пак, порачува дека умерената опозиција ќе го задржи своето оружје и територија, додека “радикалните” ќе бидат протерани од оваа област.
Крајниот рок за имплементација на деталите од договорот се приближува, и сé уште не постои заеднички консензус помеѓу Русија и Турција, за тоа кои се всушност “умерени” и кои “радикални”.
Извори:АП | Ројтерс