Турското куче Кангал, најсилното и најбараното овчарско куче во светот

0
904

По честите напади на волците на стадата овци во една фарма во близина на градот Сиена во регијата Тоскана во Италија и усмртувањето на голем број овци, во општинското собрание на овој град на дневен ред се поставени туските кучиња Кангал кои се сметаат за најсилна и воедно најбарана овчарска раса куче во светот.

Кучињата од расата Кангал се познати по нивната брзина, вештина, инстинктот за заштита на стадата, способноста за живот во природа и по тоа што можат да задават волк.

Хусејин Јилдиз, раководителот на Центарот за дресирање и одгледување на расното куче Кангал од централна Анадолија, инаку во својство на најзначаен одгледувач в оградот Сивас истакна дека Италија донесла правилна одлука и дека единственото куче кое може да се справи со волците е Кангалот.

Велејќи дека со секој поминат ден се повеќе се зголемува значењето на кучето Кангал во светот, Јилдиз рече дека оваа раса кучиња се професионални кучиња-чувари.

Хусејин Јилдиз нагласи дека најдобрата раса куче-чувар во светот е кучето Кангал и рече: „Кучето Кангал е професионално куче-чувар. Не постои втора раса овчарско куче кое би можело да го брани и чува стадото подобро од него.“

Потсетувајќи дека кучињата Кангал се користат како куче-чувар на стада во глем број делови о ветот и дека кучињата Кангал кои некогаш беа исратени во Канада таму успеаја да се справат со волците, Хусејин Јилдиз напомена дека кучињата од расата Кангал е забрането да се изнесуваат во странство и дека за тоа треба да се добие дозвола од министерството за земјоделство.

Кучето Кангал, најсилното и најбараното овчарско куче во светот…

Во околината на Сивас има 17 поголеми и помали населени места или населби од кои најпознатата е населеното место Кангал. Кангал освен тоа што е име на населеното место, воедно е име и на познатите расни кучиња кои овчарите од овој предел на Анадолија ги користеле како чувари на стадата неколку векови наназад.

Кучето Кангал е чистокрвно овчарско куче кое го нема во ниедно друго место во светот. Кучињата од расата Кангал се силни и крупни. Пораснат мажјак Кангал достигнува и до 75 сантиметри височина, а тежина и до 70 килограми. Женките се значително помали и послаби во пределот на градите. Живеат некаде од 12 до 15 години.

Сепак и покрај тоа што се силни и издржливи тие имаат мирен карактер, добро поднесуваат дресирање, приврзани се кон нивните стопани и се истакнуваат по храброста и пожртвуваноста.  Кучињата од расата Кангал се познати по нивната брзина, вештина, инстинктот за заштита на стадата, способноста за живот во природа и по тоа што можат да задават волк.

Бојата на нивното крзно е светло кафеава, влакната им се куси и меки, а околу устата и ушите имаат црни дамки. Не само што се силни и издржливи туку кучињата Кангал се и доста интелигентни. Тие можат да ги разликуваат емоциите на стопанот од неговиот глас, изглед или однесување.

Големо и силно, кангалското куче е неверојатен чувар, нежен со деца, независен и заштитнички настроен. Сепак ова куче не е пожелно за сопственици кои немаат искуство со одгледување на кучиња, затоа што во неговата изразена индивидуалност се крие “тежок” ученик.

Извор:ТРТ