Кој беше во стварност Џамал Кашоги? Човекот кој со еден потег можеше да ја сруши Саудиска Арабија

0

Саудискиот новинар-дисидент Џамал ​​Кашоги со денови е централна тема на надворешна политика, откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул и никогаш повеќе не излезе од него. Иако никој официјално не го потврди ова, неофицијално, многу работи се недвосмислени, и тие истакнуваат дека Кашоги, очигледно, бил убиен во комплексот на конзулатот. Трамп, кој се плаши дека можеби заради притисокот ќе мора да ги “корегира” односите со својот сојузник на Блискиот Исток вчера, јавно објави нова теорија дека Кашоги можеби бил убиен од страна на “одметнати убијци”. Сега, се чини дека слична приказна ќе биде прифатена од страна и на Ријад, која, според Си-Ен-Ен, подготвува верзија според која Кашоги во стварност беше убиен во конзулатот, ама наводно тоа не било план,- планот бил само истиот да биде подложен на “испитување” кое, ете по се изгледа “излегло од контрола”. Во исто време, Трамп во Ријад, а потоа и во Турција, го испраќа својот државен секретар Мајк Помпео, со цел да се усогласат приказните.

Приказните ќе бидат хармонизирани, многу брзо, ама зад оние формалните се наоѓаат и иони повеќе подлабоките. Две работи се многу интересни – прво, кој навистина е (беше) Џамал ​​Кашоги? Второ, против Саудиска Арабија се покрена многу гласови кои досега молчеа – од каде овој бран на критики кон авторитарното царство, кое досега речиси целосно беше заштитено од истите (да, ако го убија Кашоги, тоа е ужасно, ама дефинитивно не и нешто најстрашно што Ријад го направил).

Џамал Кашоги
Фото:Џамал Кашоги

Да се осврнеме за почеток на човекот. Џамал ​​Кашоги овие денови се споменува како саудиски новинар и дисидент, а таков опис дефинитивно не е доволен, бидејќи создава една погрешна слика за прогонуван борец за правда и вистина, додека Кашоги, ако бил и тоа, бил и многу повеќе од тоа.

Роден е во Медина во 1958 година. Неговиот дедо, Мухамед Кашоги, бил од турско потекло и се ожнил со Саудијка- тој бил личен лекар на основачот на Саудиска Арабија, кралот Абдулазиз ал Сауд. Главниот актер на нашата приказна, Џамал ​​Хашоги, исто така е и внук на истакнатиот продавач на оружје во Саудиска Арабија, Аднан Кашоги, кој исто така учествуваше во голем скандал со Иран-Контра скандал и уште во 1980-тите, се проценувало дека има богатство од околу 4 милијарди долари. Кога веќе ги спомнуваме интригантните семејни врски, да го споменеме и тоа дека братучед на Џамал ​​беше Доди Фајед – љубовник на починатата британски принцеза Дијана, кој почина заедно со него во сообраќајна несреќа во Париз.

Аднан Кашоги, вујкото на Џамал, трговец со оружје, познат и како заводник

Џамал основно и средно училиште завршил во САД ( бизнис администрација на Indiana State University ).

На средината на 8-те започнува да работи за бројни влијателни саудиски и арапски весници, а во текот на 90-те станал и надворешен кореспондент во земјите како што се Авганистан,Алжир,Кувајт,Судан и други. Веќе во овој период се појавуваат тврдења како Џамал Кашоги работи паралелно и за саудиската, ама и за американската разузнувачка служба, особено во периодот кој го поминал во Авганистан.

Сигурно е важно да ја споменеме неговата кратка кариера во саудискиот дневен весник Ал-Ватан во 2003 година, каде што ја добил работата на уредник, но само два месеци подоцна бил отпуштен заради што го одобрил објавувањето на колоумна со која се критикувал исламскиот научник Ибн Тајмија од 13 век кој се смета за татко на Вехабизмот. Зошто е тоа интересно? Бидејќи општо е познато дека најголем ривал на вехабизмот на Блискиот Исток се муслиманските браќа, а каде пак тие ја имаат главната седиште? Во Турција. Саудиска Арабија, како и денес, Египет, ги прогонуваат како терористи, но цело време се плашат дека  муслиманските браќа когаш тогаш ќе им дојдат до главите- најголемиот страв, се разбира, има саудиското кралско семејство.

На Западот каде што сојузите честопати ги кројат според чудните критериуми, потајно го прегрнаа Муслиманските браќа (МБ) како “попрогресивна” гранка на пошироката сцена во муслиманскиот свет. Не е тајна дека зад т.н. Арапската пролет 2011 на големо стоеше идеологијата на МБ, а САД отворено го поддржуваа – не само политички, туку и воено (прво во Либија, потоа во Сирија).

Кашоги пак, веднаш штом се забележа дека имал некои MB тенденции, за брзо беше прифатен на Западот како “либерален прогресивец”, што е крајно дубиозно тврдење што наскоро ќе го видиме.

Одиме понатаму со приказната- откако бил отпуштен од Ал-Ватан 2003, заминал во доброволно егзил во Лондон. Оттаму, тој стана близок соработник на контроверзниот Саудиски принц Туркија Ал Фајсал, кој во тоа време бил амбасадор во САД. Некое време тој беше неговиот “советник за медиуми” и очигледно преку него ги изгладил работите дома така да во 2007 година се враќа во Саудиска Арабија и повторно да стане главен уредник на весникот на Ал-Ватан.

Фото: Турки Ал Фејсал

Дали Џамал ​​Кашоги сега може да биде “лојален” на владејачките идеологии во Саудиска Арабија? Можеби, но само за некое време – во пролетта 2010 година, овозможува објавување на колумна во која се предизвикуваат основните салафистички идеали, и уште еднаш бива разрешен како главен уредник.

Сега тој уште повеќе се експонирал како критичар на острите исламски правила и закони во Саудиска Арабија. Секако, не е сам, постои  цела секција на елитата која мисли слично на него – па дури и споменатиот негов заштитник, принцот на Турки, Бин Фаисал Ал Сауд, во 2003 година изјавил дека “реформата на кралството не е избор, туку неопходност”.

После вториот отказ во Ал-Ватан, Кашоги одржува добри односи со делови од саудиската елита, вклучувајќи ги и оние од разузнавачкиот апарат.

Во 2015 во Бахреин покренува приватен сателитски канал Ал-Арап (Саудиска Арабија не дозволува приватни медиуми), а во тоа директно му помогнал познатиот саудиски милијардер принц Алвалид бин Талал чии врски во САД се повеќе од познати и не изненадува како партнер на каналот  Al-Arab станува американски Блумберг канал. Меѓутоа, на властите во Бахреин (каде што протестите речиси за малку ќе го урнеа владејачкото семејство, а истото се оддржало на власт, благодарение на саудиската интервенција) не му се допаднало на Кашоги да им  ” пропагира” па му го укинале неговиот канал – и тоа само на 11 часа по почетокот на емитирање.

Подоцна, се чини,  повторно станува добар со саудиските власти, бидејќи редовно објавува колумни на весникот Ал-Арабија, но  повторно непожелен станува во декември 2016 година, бидејќи неговите саудиски власти се длабоко вознемирени од неговата критика за новиот американски претседател Доналд Трамп. Се разбира, Саудиска Арабија, исто како Израел, едвај го доќека заминувањето на Обама, кој никако не им се допаѓал заради фактот што ова, не толку тајно, ги поддржувал муслиманските браќа и групи поврзани со МБ.

Бидејќи му забрабнаа да пишува и настапува на телевизија, Кашоги уште еднаш ја напушта Саудиска Арабија, а во јуни 2017 година доаѓа во САД, каде што веднаш добива работа, ни повеќе или помалку, туку во Вашингтон пост. Таму, чувствувајќи се посигурно, станува значително повеќе критичен кон Саудиска Арабија – објавува колумни кои ја критикуваа нивната блокада на Катар (ништо чудно, бидејќи Доха долго време го поддржуваше МБ), спорот со Канада, прогонот на дисидентите итн.

Како  беше влијателен Кашоги ? Поприлично, некои дури го сметаат и за највлијателен политички коментатор во арапскиот свет (+ 2 милиони следбеници на Твитер секако одат во прилог на ова тврдење).

Оваа година, сепак, тој го засилил својот ангажман контра-саудиските власти – оваа пролет ја основал партијата наречена “Демократија за арапскиот свет сега”. Ова никако нема да му се допадне кралското семејство, и со овој потег веројатно си пресуди самиот себе си.  Во Вашингтон Пост на 3 април оваа година објави статија во која се наведува дека Саудиска Арабија треба “да се врати во атмосферата пред 1979 година, кога властите имале поголеми ограничувања кон традиционалните вехабистички традиции”. Понатаму, истакнува: “Жените треба да ги имаат истите права како и мажите. Сите граѓани треба да имаат право на слобода на говорот без страв од затворање”.

И навистина, читајќи ги последните колумни на Кашоги во Вашингтон Пост звучи како типичен либерален демократ. Но, ова е сегашниот Кашогџи кој за својот живот научи многу добро за тоа на што и на кого во даден момент да му се приклони. Истиот тој Kashoggi, во 80-тите и 90-тите, беше пријател на Осама бин Ладен и го славеше неговиот џихад против советските сили во Авганистан. Тој направи серија интервјуа со Бин Ладен, а извори укажуваат дека тој исто така работел за саудиската разузнавачка служба во тоа време, односно дека бил и директна линија на контактирање помеѓу кралското семејство и “одметнатиот” бин Ладен.

Колку Кашоги навистина знаел доволно, раскажува фактот дека тој бил единствениот член на саудиската елита надвор од кралското семејство, кој директно бил упатен на интимни аранжмани и односи меѓу саудиските власти и Ал Каеда, непосредно пред нападот на САД на 11 септември 2001 година. Очекувано по нападот во Њујорк, Кашоги, како и многу други, се дистанцираше од Осама бин Ладен.

Џамал ​​Кашоги, либерален демократски дисидент ? Да, но само во имагинација и соодветна пропаганда. Станува збор за човек кој не само што беше близок пријател на Бин Ладен, туку и ја делел својата визија за воспоставување на “исламска држава насекаде”.

Лоренс Рајт, автор на “The Looming Tower: Ал Каеда и патот до 9/11” на страна 78, го цитира Кашоги: “Јас и Бин Ладен веруваме дека формирањето на една исламска држава ќе доведе до друга, и ќе има ефект домино што ќе го промени текот на човечката историја “.

На 4 мај 1988, дневниот весник “Arab News ” го објави извештајот на Џамал ​​од Авганистан, каде што бил во друштво на оперативци на Ал Каеда. Сепак, иако, наводно, имал само улога на новинар на сликата, тој се појавил со ракетен минофрлач РБГ. Еден извор го опиша како “разузнавачки службеник во новинарската униформа”.

Фото:Осама бин Ладен

Колку да нема забуна, тоа е истиот Кашоги кој оваа пролет за ВП пишувал за слободата на жените, слободата на говорот…Истиот Кашоги кој уште о 70-те стапил во редовите на Муслиманските браќа, организација која настанала со цел да го очисти “западното влијание од исламскиот свет“. Кашоги беше политички исламист се о крајот, па дури во кај Вашингтон Пост ги фалел Муслиманските Браќа МБ.

На денот кога влезе во кобниот конзулат во Истанбул, Кашоги му рече на својата свршеничка, која го чекала надвор, дека ако не излезе веднаш, да пријави во полиција.

Зошто исчезна Кашоги, или зошто е најверојатно брутално ликвидиран во саудискиот конзулат? Заради тоа што тој дефинитивно стана број еден непријател за саудиските власти. За прв пат, стана некој вид клучен МБ човек за цела Саудиска Арабија и, т.е со асистенција на американските медиуми, и тргна жестоко да ги пропагира овие идеали (кои се “демократски” само до тој степен што сакаат да ја преземат власта и да создадат исламиска власт).

Но, добро, тој беше политички противник, од надвор, меѓутоа дали навистина “требаше” да биде убиен ? Можеби не поради тоа, но има нешто друго – Кашоги, можеби повеќе од било кој друг во светот, лично знаеше за валканите работи меѓу Саудиска Арабија и Ал Каеда, како и работи што доведоа до нападот на САД на 11 септември 2001 година. Ако тој навистина имал толку многу “експлозивни информации”, како што некои веруваат, тоа значи дека во неколку чекори можел да ги урне саудиските власти, вклучувајќи го и престолонаследникот на принцот Салман, кој има одлични идеи за реформа на земјата (но исто така времето се уште е голем противник на МБ). Кашоги бил идеален човек за ова – тој веќе работеше во “Вашингтон пост”, весник во чиј кредибилитет малку би се сомневале – тој имал платформа, веројатно имал и информации, можел со еден чекор да ја промени новата геополитичка историја да му зададе смртоносен удар на непријателот во голема битка меѓу Муслиманските Браќа и Вехабизмот.

Тој беше директно вмешан со разузнавачките агенти од Саудиска Арабија, САД и Велика Британија … како што веќе споменавме, неговиот покровител беше принцот Турки ал Фаисал – човекот кој служел како шеф на разузнавачката служба на Саудиска Арабија од 1977 година, до чудното совпаѓања, само 10 дена пред 11 септември 2001 година.

Секако, постои и теорија дека Кашоги бил млад МБ во неговата младост, за подоцна да се “опамети” и да ја прифати либералната демократија. Може да има вистини, иако ако тоа се случило, толку поверојатно е причината за адаптација кон новите политички реалности. Сепак, останува фактот дека тоа е човек кој “знаел премногу”.

Значи, ако Саудијците го ликвидирале (турските извори сугерираат како од Саудиска Арабија пристигнал “еден тим” од 15 лица кои ја извршиле “операција” тоа значи дека го направиле многу, многу смело, без многу страв од последиците. Имено, ајде да бидеме реални, Кашоги би можел да  “настрада во сообраќај”, можел да “се лизне на својот пат до дома” или можел да биде ликвидиран од некој мал “ситен арамија” на улица. Оваа гадна ликвидација што, наводно, се случила во зградата на конзулатот е нешто побрутално – ако се случило тоа што се тврди, тогаш ова е ликвидација со еден голем потпис, една долга порака.

Зошто? Кој? Многу од ова во стварност е јасно од промената на силите на глобалната сцена. Политичката струја на чие чело денес е Трамп (а можеше да биде и некој друг) повеќе е на страната на анти-Муслиманските браќа, а тоа значи про-саудиски, неутрално или пак контра-турски (Трамп веќе и воведе санкциите на Турција заради планот за набавка на Рускиот С- 400 систем , а на Саудиска набавка за на истиот најверојатно ќе замижи).

Ријад многу добро знаеше дека може да смета на Трамп, дека Трамп ќе биде блокада против оние кои сега најверојатно ќе ја притиснат Саудиска Арабија во некаква политичка изолација, надевајќи потајно дека тоа можеби ќе доведе до друга арапска пролет – овојпат во самиот кралство.

Се разбира, приказната е секогаш покомплексна отколку што изгледа, а Трамп може да стори колку што може да стори, односно не може да ги спречи компаниите да го бојкотираат Ријад – што нему никако наклонетите технолошки гиганти веќе и го прават (Google објави дека нивните претставници нема да бидат присутни бизнис-конференција во Ријад подоцна овој месец).

Понатаму, кога зборуваме за голем конфликт помеѓу Блискиот Исток и Муслиманското братство и Вехабизмот, тогаш мора да имаме на ум дека целиот Блиски Исток, вклучувајќи го и Иран. Имено, секоја струја блиска до саудиските вехабисти ќе биде радикално анти-ирански настроени, додека Муслиманските Браќа значително повеќе ќе бидат наклонет кон Иран – на пример, Турција, дури и со “несогласувања” во Сирија, има многу добри односи со Иран. Се разбира, веднаш забележуваме дека овие фракции имаат влијание во Вашингтон – Обама, близок до МБ, обезбеди нуклеарен договор со Иран додека Трамп, кој “шурува” со Саудијците, веднаш излезе од договорот и сега сака “да го удави” Иран со повеќе со уште не видени санкции.

Денес или утре, Саудијците ќе речат дека Кашоги во конзулатот го убиле некакви непрофесионални “испитувачи”, кои сега, се разбира, ќе бидат казнети соодветно, а Трамп без приговор ќе ја благослови оваа приказна. Од друга страна, Турција ни самата не е свесна што сака да направи во оваа ситуација – јавно да го повикаат Саудијците за ликвидацијата ? Можеше да има, но тука има сериозни последици бидејќи ќе се замери со Америка која сака да ја протурка саудиската верзија на приказната (и токму сега се обидува малку да го поправи односот пуштајќи го уапсениот американски пастор)

Во секој случај, лоша приказна, брутална, која за момент директно на површината ја исфрла вистинската слика за денешната надворешна политика и сама по себе претставува само врв на глечер на сложени и опасни односи, но уште еднаш служи како потврда дека светот навистина се промени многу од нападите на 11 септември бидејќи и ова се сё поодалечни потреси на срушените кули.

Извори и референци:

Saudi Arabia to hit back in case of sanctions over Jamal Khashoggi | World news | The Guardian https://www.theguardian.com/world/2018/oct/14/jamal-khashoggi-turkey-looks-to-uk-to-persuade-saudi-arabia-to-cooperateGoogle latest to withdraw from Saudi conference | Reuters https://www.reuters.com/article/us-saudi-politics-dissident-google/google-latest-to-withdraw-from-saudi-conference-idUSKCN1MP2KUMissing Saudi journalist Jamal Khashoggi’s ties to Osama bin Laden explained – National | Globalnews.ca https://globalnews.ca/news/4545784/jamal-khashoggi-osama-bin-laden/Rogue killers or state murder? Riyadh gets benefit of doubt from Trump where Russia doesn’t — RT US News https://www.rt.com/usa/441333-trump-rogue-killers-khashoggie/US-Saudi relations are imperiled by journalist Jamal Khashoggi’s disappearance https://www.cnbc.com/2018/10/12/us-saudi-relations-are-imperiled-by-journalistjamal-khashoggis-disappearance.htmlTrump reluctant to punish Saudis over reporter – CNN Video https://edition.cnn.com/videos/politics/2018/10/11/trump-not-stopping-investment-saudi-arabia-missing-journalist-ip-vpx.cnn/video/playlists/saudi-journalist-jamal-khashoggi/My statement on the Kingdom of Saudi Arabia | Virgin https://www.virgin.com/richard-branson/my-statement-kingdom-saudi-arabiaWhat’s behind the Arab silence over Khashoggi’s fate? | Saudi Arabia | Al Jazeera https://www.aljazeera.com/programmes/insidestory/2018/10/arab-silence-khashoggi-fate-181013224845446.htmlJamal Khashoggi: Washington Post blanks out missing Saudi writer’s column – BBC News https://www.bbc.com/news/world-us-canada-45758096Last Bastion: Saudi Arabia’s Silent Battle to Halt History – SPIEGEL ONLINE http://www.spiegel.de/international/world/last-bastion-saudi-arabia-s-silent-battle-to-halt-history-a-768368.htmlTurkish police believe Saudi journalist Khashoggi was killed at consulate, sources say – Daily Sabah https://www.dailysabah.com/investigations/2018/10/06/turkish-police-believe-saudi-journalist-khashoggi-was-killed-at-consulate-sources-sayDeath of a dissident: Saudi Arabia and the rise of the mobster state | The Spectator https://www.spectator.co.uk/2018/10/death-of-a-dissident-saudi-arabia-and-the-rise-of-the-mobster-state/Donald Trump Says He Bought a $200M Yacht from Jamal Khashoggi’s Arms Dealer Uncle in 1988 http://anewdomain.net/jamal-khashoggi-adman-khashoggi-trump-princess-arms-dealer/Who is Jamal Khashoggi?  https://www.voanews.com/a/who-is-jamal-khashoggi/4610403.htmlJamal Khashoggi: Saudi journalist ‘cut up with bone saw in Pulp Fiction murder at consulate in Istanbul’ | London Evening Standard https://www.standard.co.uk/news/world/jamal-khashoggi-saudi-journalist-cut-up-with-bone-saw-in-pulp-fiction-murder-inside-consulate-in-a3958256.htmlKhashoggi’s secret past includes Bin Laden links | MEO https://middle-east-online.com/en/khashoggi%E2%80%99s-secret-past-includes-bin-laden-links