Охриѓанецот Џеди Осман, новата сезона во НБА ја започна со дабл-дабл

0
54

Турскиот репрезентативец Џеди Осман, кој е роден во Охрид, имаше дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока на почетокот на новата сезона во НБА за екипата на Кливленд Кавалирс, која на гостински терен загуби од тимот на Торонто Рапторс, со резултат 116 : 104, пренесува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА. Кливленд Кавалирс на гостински терен загуби од Торонто Рапторс, со резултат 116 : 104. Во стартната петорка на Кавалирс се најде и турскиот репрезентативец кој е роден во Охрид, Џеди Осман. Осман, кој на паркетот мина 33 минути, оствари дабл-дабл со постигнати 17 поени и 10 скока, а имаше и 4 асистенции и 2 украдени топки.

Во редовите на Кавалирс се истакнаа Кевин Лав, со 21 поен, и Џорџ Хил и Џордан Леонард, со по 15 поени.

Голема заслуга за победата на Рапторс имаше засилувањето од Сан Антонио Спарс, Кавај Ленард, кој, исто така оствари дабл-дабл, постигнувајќи 24 поени и 13 скока. Најефикасен кај Рапторс беше Кајл Лаури, со постигнати 27 поени.

Милвоки Бакс на гостински терен ја совлада Шарлот Хорнетс, со резултат 113 : 112. Значаен придонес во победата на Бакс даде турскиот интернационалец Ерсан Илјасова, постигнувајќи 13 поени, 9 скока и 2 асистенции. Најефикасни во редовите на Бакс беа Јанис Адетокунбо, со дабл-дабл од 25 поени, 18 скока и 8 асистенции, Крис Мидлтон, со 19 поени и Ерик Бледсо, со 17 поени.

Кемба Волкер со постигнатите 41 поен не успеа да го спречи поразот на Хорнетс. Во редовите на домаќинот се истакнаа Малик Монк, со 18 поени и Џереми Ламб и Мајкл Кид-Гилкрист, со по 10 поени.

Во доцните утрински часови, НБА продолжува со три средби.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – Милвоки Бакс 112 : 113

Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 103 : 100

Индијана Пејсерс – Мемфис Гризлис 111 : 83

Орландо Меџик – Мајами Хит 104 : 101

Њујорк Никс – Атланта Хоукс 126 : 107

Торонто Рапторс – Кливленд Кавалирс 116 : 104

Хјустон Рокетс – Њу Орлеанс Пеликанс 112 : 131

Сан Антонио Спарс – Минесота Тимберволвс 112 : 108

Сакраменто Кингс – Јута Џез 117 : 123

Лос Анџелес Клиперс – Денвер Нагетс 98 : 107

Феникс Санс – Далас Маверикс 121 : 100