80 гласа „за“ уставните измени според Договорот од Преспа

0
467

Собранието со 80 гласа „за“ вечерва го изгласаа предлогот за отворање на постапката за уставни измени како што предвидува Договорот од Преспа.

Гласаа сите пратеници од парламентарното мнозинство, како и пратениците од опозицијата Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ.

Координатоор на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев побара поединечно гласање кое го потврди и претходното гласање.

Со ова започнува постапката за пишување на нацрт амандманите.