Прислушкуван мобилниот телефон на Иранскиот претседател Рухани

0
81

Иранските власти го објавија производството на телефони кои ќе ги имаат сите потребни заштити против прислушкување.

Шефот на иранската Агенција за пасивна одбрана, Гуламриза Џалали, призна дека моблниот телефон на иранскиот претседател Хасан Рухани бил предмет на прислушкување, јавува агенцијата Анадолу (АА).

– После последниот случај на прислушување на телефонот на претседателот Рухани одлучивме да произведуваме сопствен телефон кој никој нема да може да го прислушкува, истакнал Џалали во изјавата која била пренесена на Иранската работничка новинска агенција на работниците на ИЛНА.

На прашање на новинар да даде повеќе детали за случајот на прислушување на Претседателот Рухани, Џалали изјавил дека е доволно јавноста да знае дека започна процесот на правење телефон кој ќе ги спречи ваквите инциденти иднина.

Агенцијата за пасивна одбрана е национална организација на Иран која работи под покровителство на Генералштабот на иранската армија.

Извор:faktor