Си Џинпинг и` наредил на Јужната команда да се подготви за војна

0

Кинескиот претседател Си Џинпинг и`наредил на Јужна команда на кинеската армија да ја процени ситуацијата и да ги зајакне своите капацитети.

Така, армијата би можела да се избори со каква било “вонредна ситуација”.

“Треба да ги интензивираме вежбите за борбена готовност … да ги зајакнеме способностите на војниците и да се подготвиме за војната”, изјавил Си за време на посетата на провинцијата Гуангдонг, објави “Saut Čajna morning post”, цитирајќи ја државната кинеска телевизија CCTV.

Си смета дека е неопходно да се зајакне мисијата на Јужната команда и да се концентрира на подготовките за војната.

“Сите ние треба да ги разгледаме сите сложени ситуации и соодветно да направиме планови за итни случаи”, изјавил Си.

Јужната команда на кинеската армија е задолжена за следење на областа на Јужното Кинеско Море и Тајван.