Белгија/ Исчезнаа милијарди од сметката на Гадафи

0
143

Иследниците проверуваат дали Белгиската банка исплатила камата од сметката на Муамер Гадафи, кои беа замрзнати со санкциите на ОН во 2011 година. Пстои сомневање дека околу пет милијарди евра се поделени на луѓе кои управуваат со либиски сметки, вклучувајќи и милитантни групи, пренесува РТБФ.

РТБФ истакнува дека ОН се согласи да ги замрзне сметките на Гадафи, ама не било наредено да се задржат каматите.

Со интервенција на НАТО во Либија во 2011 година, ОН воведе санкции за Либија. Како дел од санкциите, замрзнати се сметките на кои имало 67 милијарди долари, ама во ЕУ на државната влада и биле замрзнати само оригиналните износи, додека каматните стапки не се опфатени со овие санкции.

Белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, во вторникот им изјавил на новинарите дека тој не бил вклучен во одлуката да располага со дел од средствата на сметката.

Обединетите нации истражуваат каде исчезнаа милијардите од сметките на либискиот водач Гадафи, пишуваат светските медиуми.