„Целта за независна и силна Турција ќе ја оствариме со одбранбената индустрија”

0
137

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на независна и силна Турција ќе биде остварена со продолжување на националните чекори кои ги прави во областа на развојот на одбранбената индустрија, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот претседател Ердоган присуствуваше денес во Анкара на свеченото претставување на завршените проекти за развој на националната инфраструктура и технологија.

„За разлика од некогашните 20 отсто, уделот на домашното производство во одбранбената индустрија на Турција моментално изнесува 65 отсто, а ќе го зголемиме дополнително“, изјави Ердоган. Изразувајќи задоволство со остварениот напредок во развојот на одбранбената индустрија, Ердоган изјави дека тоа е многу важно за безбедноста во земјата. „Турција брзо напредува на патот да стане важен актер на сите полиња на одбранбените, воздухопловните и вселенските технологии“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека веќе се остварени забележителни успеси во развојот на надзорните системи со висока резолуција, сателитските системи за комуникација, лансирањето ракети, собирањето податоци и во други области.

Ердоган, исто така изјави дека една од причините за сѐ позачестените напади врз Турција во последниот период е тоа што земјата води независна политика.

„Уверен сум дека овој период ќе биде запишан со златни букви во историјата. Меѓутоа, не смееме да се задоволиме со оствареното. Ќе продолжиме да правиме големи чекори“, порача Ердоган.