УНГАРИЈА / Новинарката која со нога удираше мигранти ослободена

0
251

Новинарката на унгарската телевизија Петра Лазло, која со нога ги удираше мигрантите кои бегаа од полицијата, во вторникот, беше ослободена.

Таа претходно на првостепен и второстепен суд беше осудена на три годишна акзна затвор бидејќи во септември 2015 година во ек на мигранстката криза со ногата удри мигран кој во прегратка држеше детенце.

Во вторникот, унгарскиот Врховен суд пресуди дека нејзиниот потег, иако морално неисправен, не претставува вандализам, дека станува збор за “прекршок, а кривичната постапка треба да биде суспендирана”.

Во инцидент на границата со Унгарија и Србија во септември 2015 година, мигрантите и бегалците ја пробија полициската бариера.

За време на снимањето на овој инцидент, Ласло со ногата удри млада девојка и татко со мало момче.

Во тоа време, голем број луѓе, многумина бегаа од насилство на Блискиот Исток, обидувајќи се да стигнат до Западна Европа преку земји како Унгарија.

Ласло работеше за унгарскиот телевизиски канал N1, кој ја отпушти откако снимката беше објавен јавно.

Таткото и синот што беа на местото на настанот, кога Ласло ги удри, подоцна добија азил во Шпанија, а татко им му беше дадена работа на фудбалски тренер, објави ББС.