Иран подготвен за подобрување на односите со Саудиска Арабија

0
45

Лидерот на иранската дипломатија, Јавад Зариф, изјави дека Иран е подготвен да седне на маса доколку Саудиска Арабија одлучи да ја ревидира регионалната политика, јави агенцијата Анадолу (АА).

Зариф ги коментираше односите меѓу Иран и Саудиска Арабија во утринските часови за новинарите во Техеран.

Тој негираше дека неодамна се состанал со својот саудиски колега Адил ал Џубаир.

Зариф ја истакна потребата за подобрување на односите во регионот и ја изрази подготвеноста на Иран на тоа доколку исчекори во насока на промени на регионалната политика направи и Саудиска Арабија .

“Ние сме соседи и сакаме да имаме добри односи”. “Нашите соседи досега произведуваа тензии во Иран и немаат никакви бенефиции”. Се надевам дека ќе се откажат од таа политика “, истакнал Зариф.