Стопирана или пролонгирана изградбата на новата кружна раскрсница во Општина Струга ?

0
197

Иако Општина Струга на 25.05.2018 г. најави дека започнува изградбата на кружна крстосница за регулирање на сообраќајот на регионалниот пат Струга-Дебар, односно во делот познат како “МОРОИШКИ МОСТ“ за жал неговата изградба (реализација) не е започната како што треба, а ниту завршена.

На самиот почеток на работите беа превземени само одредени активности околу расчистување на теренот, и она што најмногу ја разбрани јавноста беше уривањето на споменикот на НОБ, а за чие санирање (бидејќи повеќе од очигледно беше оштетен при самото одстранување) како и одлуката за неговата дислокација, одредени представници на политичка партија од локалниот дел на Струга ветуваа дека ќе превземат актвности за негово санирање и поставување на соодветно место, барем засега работите колку што дознаваме остануваат онака како што и си останаа пред неполни 6-месеци, односно како за изградбата на кружниот тек, така и санакцијата и дислокацијата на споменикот на НОБ.

Фото: (Alfa TV) Споменик на НОБ

Е, сега дали Општината нема доволно средства за неговата реализација (изградба на кружниот тек) , или пак испаднал некаков си спор со сопствениците на околните парцели, или пак се чека на нови буџетски средства од џепот на државата, а претходните доколку ги имало се наменале за нешто сосема друго, или пак се чека некои си нови блиски избори во нареднава 2019 година, па истото да се искористи преку сечење на лента за нови политички поени ,тоа си знаат органите на Општина Струга кои се задолжени, и кои всушност ја најавие реализацијата на овој проект.

Се разбира, ваквото нешто зборува и за несериозноста на сите оние кои ја најави реализацијата на овој проект, однсоно пред да се започне претходно требао да се направат сите потребни анализи, и податоци, пред истиот да биде најавен како проект чија реализација ќе заврши за кратко, иако до денес поминаа речиси неполни 6 месеци.

Како што рековме , до ден денес во јавноста воопшто ниту е објавено било какво известување или нешто слично од страна на Општинските органи, за тоа зошто  реализацијата на овој најавен проект  е стопирана, или пак не е започната како што треба и беше најавувано, со што јавноста подетално би била запозната за понатамошниот тек од неговата реализација, односно зошто работите остануваат како и пред 6-месеци од почетокот на припремните работи за негова реализација.