Муслимани за семејствата на жртвите од теористичкиот на пад на Еврејската синагога собраа повеќе од 200.000 долари

0
116

Муслиманите во САД собраа повеќе од средата собраа повеќе од 200.000 американски долари за семејствата на жртвите од терористички напад врз синагогата Питсбург, извршен во саботата.

Бројни муслимански организации и здруженија, вклучувајќи го и Советот Муслиманските организации во САД (USCMO) и Советот за американо-исламскиот односи(CAIR), веднаш реагираа и осудија најостро го осудија терористички напад врз синагогата и започна кампања за помош на семејствата на настраданите.

– Им искажуваме најдлабокио сочувство на семејствата на жртвите. Сакаме да истакнеме дека во нашите мисли и молитви се и повредени, како и еврејската заедница која е потресена од овој чин на тероризам, се вели во соопштението на USCMO.

Сафдар Каваја, од CAIR, нападот го нарече кукавички и додаде дека нападот на светото место, е крајно вознемирувачко и застрашувачко.

Бројни муслимани во САД, исто така, започнаа хуманитарна кампања под името “Муслиманите се обединуваат за жртвите на нападот врз синагогата во Питсбург “, чија цел е да се соберат пари за семејствата на жртвите и повредени.

Средствата од 25.000 долари, кои беа првичната цел, беа собрани за само шест часа, а до среда се собрани 214.000 долари. Акцијата ќе трае уште шест дена.

Во терористички напад кој американскиот државјанин Роберт Бауерс, 46, го изврши во Питсбург, 11 лица загинаа, а шест беа повредени.Меѓу ранетите се и четворица полицајци.