Телефонски разговор Ердоган – Трамп

0
90

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на прес-службата на турското Претседателство, Ердоган и Трамп за време на телефонскиот разговор се осврнаа на билатералните теми, за ситуацијата во Сирија, како и за ангажманот во Мунбич и во Идлиб.

Двајцата претседатели укажаа на решителноста за правење конструктивни чекори во насока на зајакнување на односите меѓу САД и Турција.

Ердоган и Трамп се согласија да бидат во близок контакт во наредниот период како за билатералните, така и за регионалните теми.

Ердоган, за време на телефонскиот разговор, го осуди нападот кој се случи врз една синагога во американскиот град Питсбург.

Турскиот претседател упати сочувство до блиските на жртвите и до американскиот народ, и им посака брзо заздравување на повредените.