Полицијата во југоисточна Турција пронајде возило полно со експлозив

0
48

Турската полиција во југоисточна Турција пронајде возило наполнето со над 247 килограми експлозив и други уреди, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението издадено од Гувернерството на областа Мардин, во врска со инцидентот биле уапсени пет осомничени лица.

Во соопштението, исто така се вели дека полициските сили го пронашле возилото на Автопатот Џејланпинар – Кизилтепе.

Операцијата во градот беше спроведена откако била добиена дојава дека големо количество експлозивни материјали биле донесени од Сирија од страна на терористичките групи ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ со цел да се пренесат во турските области за бомбашки активности.

Во соопштението се вели дека експлозивниот материјал кој е запленет во возилото е идентификуван како пентаеритритол-тетранитрат, познат како ПЕТН.

Од канцеларијата на јавниот обвинител во Мардин е покрената истрага во врска со инцидентот.