Ракомет во Струга за помош на Сара и Зоран

0
30

Утрешниот ракометен натпревар од Супер лигата помеѓу женските ракометни клубови „Стружанка“ од Струга и „Металург“ од Скопје, ќе има хуманитарен карактер, со цел да се соберат парични средства за лекување на Сара Настеска од Охрид и Зоран Перески од струшкото село Ложани.

Младите Сара и Зоран се соочени со тешки болести и потребни им се пари за итно лекување. За таа цел, влезот на ракометниот натпревар е бесплатен, а секој гледач ќе може доброволно да донира парична помош на неколку места обележани за таа намена. На овој начин, ракометарките од „Стружанка“ и „Металург“, се приклучуваат кон бројните хуманитарни акции за помош на Сара од Охрид, но и на младото момче Зоран од струшкото село Ложани, посакувајќи им успешно лекување и оттргнување од канџите на тешките болести.

Ракометниот натпревар помеѓу „Стружанка“ и „Металург“ ќе се одигра утре, во 13:30 часот во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива