(Фото/Видео) НАШЕ ИНТЕРВЈУ: На 10 минути со Массаро и големиот Кичевски “ФЕНЕРБАХЧЕ“

0
943

Во рамките на нашиот циклус интевјуа, овој пат имавме можност да бидеме гости и да поразговараме со сопственикот на најголемиот и единствен фан клуб на Балканот, Турскиот фудбалски клуб Фенербахче , со г-динот, Муамер Коџаџик – Массаро, и одблиску запознаеме и се разбира почувствуваме атмосферата која се одвива во овој фан клуб, и како изгледа кога заеднички се гледа дерби натпревар, особено како оној синоќешниот помеѓу Фенербахче и Галатасарај, атмосфера која имавме можност да ја почуствуваме, благодарени на г-динот Массаро кој со својата покана, нё почести и ние да бидеме од неа, односно како што ни рече тој:

„Атмосферата, може да ја видиш и пренесеш, ама за да ја доживееш и почувствуваш, мора да си тука на самото место“

Нешто во што навистина и се уверивме..

Дубаи Портал: Г-дине Массаро од каде потекнува љубова кон фудбалскиот клуб Фенербахче.?

Массаро: Па љубовта кон овој клуб, јас лично ја наследив од моите најлблиски, дедоми и татко ми, и како што гледате таа и денес преку мене продолжува, а иншАллах се надевам дека ќе продолжи и преку моите идни поколенија.

Дубаи Портал: Одлучивте во 2016 да оснивате (отворите) фан клуб кој ќе го носи имете на турскиот фудбалски прволигаш Фенербахче. Што Ве подтикна на ова?

Массаро: Па, прво се разбира љубовта кон овој клуб, која е всадена во моите гени, а потоа идејата истата ова љубов да ја преточам и кон моите сограѓани Кичевчани, роднини и пријатели..

Како фудбалски клуб, Фенербахче постои уште од поодамна,некаде од 80-те.

И во тој период некаде со пауза од некаде четири години, поточно од 1990, одлучив работите да ги земам во свои раце, и започнав со спонзорирање на овој клуб во кој досега продефилрале голем број на играчи од кои што некои денес се тренери на клубови во Македонија, а некои па од оние помладите кои што сеуште играат во Македонските клубови. Тука помина и голем број на денешни реперзентативнци, познати играчи во Футсал натпреварувањето, Бразилци и се разбира најпознатите играчи кои кои денес во нашите клубови се обидуваат да стигната до врвот на својата кариера, играјќи во Македонија и се разбира низ Европа и светот.

Дубаи Портал: Како функционира вашето досегашно постоење на овој ваш тим ФЕНЕРБАХЧЕ -КИЧЕВО ?

Массаро: Па искрено да ви кажам, клубот лично сам го финансирам и помагам, а понекогаш ни доаѓа и по некој спонзор, и без разлика на висината на неговата помош, истата ја поддржуваме, бидејќи нашата цел и единствена како таква, е да се дружиме. Се разбира од финансиски аспект, можам да кажам ни помагаат и победите кои ги постигнуваме преку освојување на првите места на турнирите во Македонија, а за кои се разбира како што знаете следуваат и парични награди.

Дубаи Портал: Споменавате учество на турнири во мал фудбал низ Македонија, ќе може ли да ни издвоите некои кои кај вас оставиле посебен впечаток ?

Массаро: Фенербахче како клуб, и пред мене учествувал на турнири низ Македонија, односно за време на поранешна Југославија, и постигнувал добри резултати, односно некаде бил добредојден, а некаде не, заради името ФЕНЕРБАХЧЕ.

Досега сме постигнале големброј на успеси, и не би можел посебно да ги издвојам, за тоа зборуваат трофеите (пехари) кои може да ги видите во просториите на нашиот фан клуб, ама кога веќе инсистирате еве ќе Ви споменам неколку :2 трофеи од натпреварувањ во Македонски Брод за освоено 1-во место, и 1-во место на ГЕГЕ – КУПОТ во Скопје..еве ќе го споменам и еден од турнир натпреварувањето во Миравци – Гевгелија, едно од најпознатите места која традиционлано организира вакви натпреварувања, а каде што едиснтвено ФЕНЕРБАХЧЕ од Кичево имаше можност едно по друго да го освои првото, односно одбрани првото место..2008 и 2009 година.

А, сега се подготвуваме за турнир натпреварувањето во Прилеп, каде се надевам дека со добар успех ќе ја завршиме 2018 година.

Знаете ФЕНЕРБАХЧЕ стана Бренд во ваквите натпреварувања, зборувам за оние сериозните натпреварувања во овој вид на натпреварување, односно нема каде што се организира ваков вид на натпреварување(турнири) а да не добиеме покана за учество, бидејќи како што ни велат самите организатори, со нашето учество и самиот турнир добива на тежина.

Со отварањето на овој фан клуб, стануваме и препознатлив Бренд и во Кичево, односно кога некој, доаѓа во Кичево, особено они љубителите на спортот, неможе да нё прашаат каде се наоѓа Фан клубот Фенербахче, а да не дојдат и да не посетат, да се напиеме едно чајче или сокче, и нё поразговараме за спортот односно убавите моменти..

Нашите посетители, кои доаѓаат тука, особено кога има натпреварување , односно кога има натпревар на Фенербахче, едноставно според амбиенот кој преовладува во нашиов клуб, се чувствувате како на Улкер Арената, опкружени со сино-жолтата боја карактеристична за Фенербахче, потоа познатото фенер-чајче, и ред на многу други работи кои ретко можете да ги забалежите во некои фан клубови, односно како што реков горе, треба да нё посетите за да го почувствувате сето тоа..

Дубаи Портал: Планови за во иднина ?

Массаро: Па, планови ги има многу, само прво господ здравје да ми дајт, а потоа сето пополека. План се разбира дека имаме. Доколку нё следите на нашата фан страна на фејсбук, ќе може да констатирате дека имаме голем број на пријатели, кои секојдневно не подржуваат, и кои ни даваат подстрек да продолжиме и понатаму, а ние со малку внимание  се обидуваме да ги наградиме се по некој дрес (оригинален) или друго спортско обележје на овој клуб, кои се разбира како што гледате како и моиве кои секојдневно ги носам. Се разбира како што реков постојат планови, а идеите за нив најчести ни ги давааат нашите посетители и фанови, а ние ги реализираме во зависност од нашите можности.

Дубаи Портал: Дали од раководството на Фенербахче се запознати за постоењето на можеби единствениот ваков фан клуб на Фенербахче на Балканот, и дали досега сте имале контакт со нив..?

Массаро: Па досега колку што добиваме информации, тие веќе малку по малку и добиваат информации за постоењето на ваков фан клуб во Македонија, понекогаш јас ги информирам при мојата посета на нивните натпреварувања, особено во Турција, и што е најважно сега преку нашиот Македонски представник и репрезентативец, во Фебнербахче, и се разбира мој близок и драг пријател Елиф Елмаз, кој покрај своето врвно знаење во играњето, понекогаш знае да им уфрли и по некој збор и за нашиов фан клуб, и се разбира тим.. Се разбира се надевам и на наша поскорешна средба со представници од овој турски прволигаш, што за нас ќе представува посебна чест и задоволство, да продолжиме понатаму, а вам како медиум ( Дубаи Портал) да Ви се заблагодарам што бевте дел од нас, особено во нашето дерби со Галатасарај, и што издвоивте време и прстор малку повеќе да ја запознаете јавноста, а за што и вам лично јас, и моите фанови на Фенербахче ви посакуваме успех во работата и се најдобро во иднина..

А, ние почитувани, во продолжение од нашево интервју, ви пренесуваме дел од забележаните фотографии од фан клубот Фенербахче – Кичево и се разбира краткото видео од тоа, како фановите на Фенербахче го сакаат и прославуваат и успесите на својот клуб, особено како оној синоќешниот натпревар од дербито со Галатасарај,кој заврши со нерешен резултат 2:2,  притоа неможејќи да ги сокријат своите емоции. А за да ја почувствувате-доживеете таа атамосфера, Ве покануваме истиот фан клуб да го посетите, каде и покрај како фанови на Фенербахче, ќе се запознаете и со добри пријатели и другари и она најважното, проширете своите познанства..