Турција ја отповика својата амбасадорка од Уганда

0
55

Турција ја отповика својата амбасадорка во Уганда, после објавувањето на фотографија на која се гледа како таа за време на прославата на турскиот национален празник, носи костим инспириран од грчката митологија.

Амбасадорката Седеф Јавузалп организирала прием во амбасадата на Кампала по повод турскиот национален празник што се одбележа на 29 октомври, кога Мустафа Кемал Ататурк ја прогласи Турската Република во 1923 година.

На Твитер профилот на парламентот на Уганда, чија претседателка Ребека Кадага била на приемот, објавена е фотографија на амбасадорката Јавузалп во облека од грчката митологија и уште еден неидентификуван турски функционер во тога и круна од маслинови гранки на главата.

Турски дневен весник Сезџо, на првата страница, објави фотографија на амбасадорката, тврдејќи дека е облечена како Јелена Тројанска и турски функционер како грчки бог Зевс, јавува Бета.

“Голем скандал на Денот на Републиката, амбасадорката беше Јелена, а нејзиниот помошник Зевс”, пишува весникот.
Министерството за надворешни работи во изјавата објави дека е извршена итна истрага за фотографиите објавени на социјалните мрежи и дека амбасадорката била повикана назад во земјата.

Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, исто така, напишал пораката на Твитер дека амбасадорката е отповикана.
Медиумите објавија дека амбасадорката кој пет години живеела во Уганда, сакала да ја промовира 2018-та година како Година на Троја, легендарниот град за кој се верува дека се наоѓал близу градот Чанакалае, западно од Турција, каде што биле пронајдени археолошки остатоци.

Извор:(Vijesti)