Овци одлучуваат за нашето подобро утре

0

Ако за некој човек се каже дека е магаре, тоа е навредливо. За човекот навредливо, се разбира, за магарето не знаеме, бидејќи вистинските магариња никогаш не биле прашувани, па ниту за мислењето за тоа што ги навредува. Не е убаво ниту за жената да се каже дека е гуска, бидејќи и тоа е навредливо. За жените, се разбира, бидејќи ниту гуските не се прашуваат за тоа. Тоа вреди за сите мажи и жени. Ако им кажете дека се овци, тоа исто така е навреда … Ох, пардон, ситуацијата овде е поинаква. Ете, во политиката, многумина се горди што се овци. Иако се разликуваат по крдата на кои припаѓаат и се навредувани само ако им кажете дека се овци од друг крдо а не од својот.

Не верувате? Еве, да ја погледнеме, на пример, политичката сцена на Македонија. Таму има секакво некакви овци. Некои од нив се попознати повеќе,некои помалку, некои се погласни, некои потивки, некои ги празнат јаслите или пасат побрзо или побавно, ама во основа сите најчесто се слични – овци ко овци! Можеме да ги поделиме, односно тие самите си се поделиле, по крда во две главни групи: СДСМ-овци и ДУИ-овци. Или, да е појасно, на сдсм-ОВЦИ и дуи-ОВЦИ. Ама, не треба да се занемарат и останатите овци кои неретко одредуваат кое од двете големи стада ќе има примат, и кое ќе одлучува. Значи да не ги занемариме ниту ВМРО-овците,БЕСА-овците, АЛИЈАНС-овците ПЕИ-овците и сите други овци и овчиња кои учествуваат на политичката сцена и кои одлучуваат за судбините и за оние кои не се сметаат за овци. Дури и за судбините на оние кои себеси во таа игра се сметаат за магариња, коњи и говеда со мали или крупни заби.

Интересно, дека не се малку ниту оние кои сметаат дека овците добро ги водат во вистинската насока. Тие ги фалат, велат дека е добро што овците секогаш се држат заедно, во стадото, што секогаш го следат овенот предводник. Знаат тие што прават, па не се – тоа кози! Ако не знаеја, зарем ќе бевме овде каде што сме? Ама, на некои не ми се допаѓа насоката во која се оди, ниту начинот на кој сèто тоа се прави.

Сега, ако не ни се допаѓа како нё водат овците, би требало да се изнајде друго решение, било во животинскиот свет или надвор од него. Ама, треба да се заменат многу стада, а тоа не е лесна работа. Хм?! Ниту малку лесна задача! Со или без овците – прашање е сега?