Универзитетот „Харвард“ ја откажа конференцијата на саудискиот принц Турки бин Фаисал

0
61

Американскиот Универзитет „Харвард“ ја откажа конференцијата на саудискиот принц Турки бин Фаисал, со објаснување дека поради случајот со Кашоги не е вистинско време за неа, јавува Anadolu Agency (AA).

Поранешниот министер за разузнавачки работи на Саудиска Арабија, Ал Фаисал, за медиумот „Дејли бист“ (The Daily Beast) изјави дека Универзитетот го откажал повикот да одржи конференција.

Некогашниот амбасадор на Саудиска Арабија во Вашингтон изјави дека добил известување кое го упатило Универзитетот, а во кое пишувало дека поради случајот со Кашоги не е погодно време за одржување на конференцијата.

Убиениот новинар Џамал Кашоги едно време беше советник на принцот Турки.

Саудиска Арабија се соочи со критики од целиот свет поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул. Колумнистот на „Вашингтон пост“ (The Washington Post) исчезна на 2 октомври, откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул да земе документи кои му биле потребни за да се венча.

Според тврдењата на Канцеларијата на државното обвинителство во Истанбул, кога влегол, Кашоги веднаш бил задавен, а потоа и исечен на парчиња.