ТЕХЕРАН / Иранчаните на улици: Годишница од заземањето на Американската амбасада, и “Не за понижувањето“

0
55

Иранчаните традиционално излегоа на улиците во градовите низ целата земја, по повод годишнината од заземањето на американската амбасада во Техеран.

Овогодинешниот собир доби дополнителна димензија поради новите санкции кои на техеран и` ги воведе американскиот претседател, Доналд Трамп.

Националните собири со кои се обележува преземањето на Американската амбасада во 1979 година во Техеран започнаа во неделата изутрина под мотото ““Hayhat Minna al-Dhilla (Не за понижување)”.Foto: Tasnim

Во главниот град, Техеран, митингот се одржа на местото на поранешната американска амбасада каде говор оддржал  Мохамед Али Џафари, генерал на Исламската револуционерна гарда.

За време на протестот, демонстрантите извикуваа слогани против САД и Израел и ги осудија политиките и ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Потсетуваме, на 4 ноември 1979 година, помалку од една година по победата на Исламската револуција, иранските студенти ја окупираа американската амбасада во Техеран.Foto: Tasnim

Секоја година, на 13-тиот ден од месецот Абана според персискиот календар (кој оваа година паѓа на 4-ти ноември), Иранчаните одржуваат митинзи низ целата земја за да го одбележат настанот.

Извор:РСА