„Турција ја намали надворешната зависност во одбранбената индустрија на 35 отсто“

0
75

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес истакна дека Турција ја намалила својата странска зависност во одбранбената индустрија од 80 на 35 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган на церемонијата на испорачувањето на третиот брод на МИЛГЕМ – првата турска домашна воена програма на турските поморски сили во Истанбул, нагласи дека Турција никогаш нема да дозволи обиди за изнудено експлоатирање на природните ресурси во Источен Медитеран.

„Никогаш нема да дозволиме обиди за експлоатирање на природните ресурси во Источен Медитеран со наша исклученост и со исклучување на Турската Република Северен Кипар“, рече турскиот претседател.

Ердоган нагласи дека оние кои мислеа дека може да преземаат чекори во Источен Медитеран или Егејот, спротивно на Турција, почнаа да сфаќаат дека направиле огромна грешка.

„Ние немаме фрлено око на правата на земјите, законите или териториите. Ние само ги штитиме правата на нашата земја и на нашите браќа“, додаде Ердоган.

Турција е континуирано против активностите на администрацијата на кипарските Грци поради едностраните дупчења во Источен Медитеран, истакнувајќи дека кипарските Турци, исто така, имаат право на ресурсите во таа област.

Кипар е поделен уште од 1974 година, по државниот удар на кипарските Грци, кој беше проследен со насилства против турските жители на островот и интервенцијата на Анкара како гарант.