Ердоган: „Покрај сите завери во нашата земја чекориме напред кон нашите цели“

0
42

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес говорејќи за визијата на Турција за 2023 година, кога се одбележува стогодишнината на Република Турција, изјави дека и покрај сите завери, тие никогаш не се откажале од своите цели, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сите видови завери беа поставени за да го одвлечат нашето внимание од овие цели“, изјави Ердоган и додаде:

„И покрај сè, ние никогаш не се откажавме од нашата посветеност да чекориме напред кон нашите цели“.

Визијата на Турција за 2023 година вклучува специфични цели за подобрување во областа на економската активност, енергетиката, здравството, образованието и сообраќајот.

„Ние ги гледаме визиите за Турција за 2053 и 2071 година, што ќе ги изградиме врз основа на целите од 2023 година, како најголемо наследство кое ќе го оставиме за нашите деца“, изјави турскиот претседател.

Ердоган се осврна на 2053 година, кога ќе се одбележи 600-годишнина од освојувањето на Истанбул, и на 2071 година кога се одбележува 1000-годишнина од Битката кај Манцикерт (денешен Малазгирт).

Битката кај Манцикерт, односно кај денешниот град Малазгирт во источна Турција, се одигра во 1071 година кога турските Селџуци под водство на султанот Алпарслан го победија византискиот цар Роман IV. Последица од поразот беше ослабената одбранбена моќ на Византијците, но и доселувањето на турското население во историската област Анадолија.

„Силната врска меѓу нашата нација и држава се нашиот најважен извор на надеж, кој ни овозможува да ја погледнеме нашата иднина со доверба“, додаде тој.

Претседателот рече дека Турција забележала припати поголем раст во текот на изминатите 16 години.

„Ние ќе можеме да ги достигнеме нашите цели за 2023 кога ќе достигнеме двапати поголем раст во наредниот период“, додаде тој.

„Тогаш ќе одиме на различно ниво“, изјави Ердоган, додавајќи дека нова Турција ќе ги отвори вратите за нов период за себе и регионот.

Турскиот претседател, во своето обраќање на отворањето на училиште за децата со посебни потреби во Истанбул, изјави дека за лицата со поесбни потреби Турција презела револуционерни чекори во текот на изминатите 16 години, за да го зголеми нивното учество во општеството.

„Денес, на 513.000 лица со попреченост во Турција им е пружена домашна нега“, изјави Ердоган.

Тој истакна дека низ земјата е обезбедена грижа за 7.000 лица со попреченост во 97 центри за рехабилитација и нега.

Ердоган рече дека бројот на лицата со попреченост на кои им се обезбедува грижа во приватните центри за нега достигнал 16.000.