Израел му се заблагодари на Трамп за санкциите кон Иран

0
41

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставувањето санкции кон Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

„Храбрата одлука на претседателот Трамп е трансформацијата која Блискиот Исток ја чекаше“, соопшти денес израелскиот министер за одбрана, Либерман.

„Со еден потег, САД се соочуваат со критичен удар на фортифицирањето на Иран во Сирија, Либан, Газа, Ирак и Јемен. Претседателе Трамп, го направивте тоа повторно. Ви благодарам“, изјави тој.

Соединетите Американски Држави (САД) денес ги обновија сите санкции кон Иран кои претходно беа укинати со постигнувањето на Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

Минатата недела, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, му се заблагодари на Трамп за санкциите кон Иран.

Администрацијата на Трамп со овие санкции сака да го промени однесувањето на Иран, од кој бара исполнување на листата со 12 барања, со цел укинување на санкциите.

САД очекуваат намалување на извозот на иранска нафта за над 1 милион барели дури и пред денешната транша економски санкции.

Освен САД, во Договорот за иранската нуклеарна програма останаа сите други земји потписнички, а тоа се Кина, ЕУ, Франција, Германија, Иран, Русија и Велика Британија.