Убиството на Џамал Кашоги, и зошто Путин сèедно ќе оди во Ријад

0
100

Вчера, сите светски агенции ја објавија веста дека новинарот Џамал ​​Кашоги бил убиен и распарчен, а неговите остатоци се растворени во киселина, што е турска верзија на приказната.

“Сега гледаме дека не само што телото е исечено, туку со деловите од телото се ослободиле така што ги раствориле во киселина“, изјави за Хуријет, Јасин Актај, официјален претставник на турската владејачка партија АКП.

После оваа изјава, синовите на убиениот новинар на Си-Ен-Ен објавија дека деловите о телото на нивниот татко Џамал Кашоги во патнички торби биле пренесени во Саудиска Арабија кои биле дел од личните дипломатски средства на петте мина припадници на“Тимот 15“ кои ја извршиле оваа задача.

Синовите на убиениот новинар, Абдула и Салах Хашоги, за Си-Ен-Ен изјавиле дека “само сакаат да го вратат телото на таткото за достојно да го погребаат и дека тој не бил никаков дисидент, туку јавна личност која сите ја сакале“.
И покрај фактот дека се работи за брутално убиство, ситуацијата станува сè поинтересна, бидејќи наводно “секој знае сè”, но никој не сака да излезе со докази. Очигледно, на сите страни кореспондира ситуацијата во која тие можат да манипулираат со овој случај.

Дури и за првиот осомничен за наредбата за убиството, саудискиот принц Мохамед бин Салман, ова е погоден момент за проверка на лојалноста на принцовите, ривалските членови и официјалните претставници во кралството.
На пример, принцот Ал-Валед бин Талал, еден од милијардерите кои беа притворени минатата година, кој доброволно се откаже од дел од богатството и му го предаде на кралскиот буџет во замена за слобода, на австралиската телевизија вчера изјави дека крунскиот принц мора да биде ослободен од сите сомневање за ова убиство.
“Ја прашувам Саудиска Арабија јавно, преку вашата програма, резултатите од истрагата да бидат објавени што е можно поскоро. Верувам дека шринцот на саудиското кралство ќе биде сто посто ќе биде ослободен и ќе ги реши овие обвиненијата “, изјавил Ал-Валед бин Талал.

Принцот Ал-Валид беше уапсен минатата година со десетици други богати Саудијци, но во вторникот изјави дека притворот е “простен и заборавен”.
Русија, според висината на случајот, потврди дека Владимир Путин не ја одложува планираната посета на Саудиска Арабија и дека на 22 октомври специјалниот претставник на Кремљ, Михаил Богданов, изјави за новинарите дека убиството на Кашог предизвика глобални потреси, но дека светот треба да стрпливо да ги чека резултатите од истрагата.
Портпаролот на канцеларијата на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Путин во блиска иднина ќе ја посети Саудиска Арабија. Песков додаде дека Путин добил повик од Саудискиот крал и Русија почнала да се подготвува за посета.
Треба ли Путин да отпатува за Саудиска Арабија? За одговор на ова прашање, можеби е подобро да се разгледаат некои од познатите и премолчени детали за самиот Џамал ​​Кашоги, на кого му требал или сметал и што всушност Русија би требало да има со тоа, особено се додека некоја од страните не поднесе јасни и недвосмислени докази за тоа што се случило .

  1. Џамал ​​Кашоги беше член на едно од најбогатите семејства во Саудиска Арабија и роднина на Доди Ал Фајед, љубовникот на покојната британска принцеза Дијана. Па од тука, тој не е прв во семејството кој починал во акција на разузнавачката служба.
  2.  Една од статиите пред атентатот на Кашоги насловен е како “Време е да ја поделиме Сирија”. Сепак Сирија сѐ уште е во целина, а Кашоги во “делови”.
  3.  Во 2016 година, саудиските власти му забранија на Кашоги да се занимава со новинарството во кралството, откако многу негови статии го критикуваа Трамп. Џамал ​​беше голем поддржувач на Хилари Клинтон и нејзините поддржувачи во Демократската партија.
  4.  Особено е интересно што саудискиот лист, во кој Кашоги некогаш бил главен уредник, на весникот “Ал-Ватан”, во саудиски превод -татковина.
  5.  На почетокот, Саудијците изјавија дека Кашоги “останал во конзулатот само неколку минути или час, а потоа си заминал”.
  6.  Кашоги имаше Apple Watch, кој во етерот го пренесе записот од разговоритесо мачителите и неговите убијци, ама турскиот МИТ овој запис го крие како змија нозете.
  7.  18 дена по атентатот, Риад беше принуден да признае дека Кашоги бил убиен во конзулатот, но се случило “случајно” и “за време на борба со луѓето што ги запознал во амбасадата”. Случајно му ги отсекле рацете, главата и целото тело откако самиот 19 пати паднал на остри предмети.
  8.  Саудиска Арабија соопшти дека уапсила 18 лица за време на истрагата и дека двајцата помошници на принцот Мохамед бин Салман биле отстранети од своите позиции. Под раководство на принцот, била формирана комисија за реформи на тајната служба. Значи, принцот Мохамед ќе управува со истрагата против себе и ќе се покаже дека принцот Ал-Валед Бин Талал бил во право кога тој вчера изјавил дека сто проценти ќе докажат дека де факто владетелот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, нема никаква врска со овој случај.
  9.  Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично се закани дека ќе се бори против смртта на новинарите, но подоцна рече дека верува дека раководството на Саудиска Арабија и верзијата на “ненамерно убиство” е убедливо. Слични изјави дале и неколку западно-европски политичари.
  10.  Турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој се чинеше дека го чека овој момент, јавно говореше за ова злосторство, наведувајќи дека имал докази за намерна ликвидација и информации за тоа како се подготвувало убиството со денови. Тој изјави дека за таа цел од Ријад пристигнал Тимот 15 кого го сочинувале вработените во саудиските разузнавачки служби, вклучувајќи и патолог со пила за сечење на коски. Ердоган, исто така, изјави дека новинарот се расекувал додека сеуште бил жив. Тој, исто така, рече дека Турција ќе ги вложи сите напори да го испита овој случај и да ги казни одговорните.
  11.  Исто така, објавено е дека два куфери на Kашоги биле пронајдени во автомобил близу Саудискиот конзулат.
  12.  Потоа, Трамп, исто така, мораше да каже дека не бил задоволен со тековните резултати од истрагата и дека “има сигурни луѓе во Турција, кои ќе му дадат други детали”.
  13.  На 22 октомври, САД ја испраќаат лидерката на ЦИА, Ѓина Хаспел, да ја “помогне истрагата” во Турција. Ако некој не знае, Ѓина Хаспел е одличен експерт за тортура, бидејќи таа долги години водела нелегални затвори на ЦИА, каде што ваквите мачења практички биле практикувани. Веројатно нејзиниот коментар за сè бил: “Кој се уште мачи така? Аматери !? “
  14.  Има информации, иако непроверени, дека Ердоган во негова сопственост има белешка во која стои: “Донесете ми ја главата на кучето!”, Наводно, напишана од принцот Мохамед бин Салман. Но, се чини дека ова не е вистина. Според втората верзија, за време на сослушувањето и тортурата, еден од споменатите соработници на крунскиот принц преку Скајп се поврзал со Ријад за време на испитувањето на Kашоги. И тој, наводно, изјавил дека ќе “ја донесе главата на ова куче”. Според оваа верзија, објавена од страна на Ројтерс, Ердоган има аудио-снимка на овој разговор, но сепак одбива да му ја даде на Американците.
  15.  Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин одржа вонредни разговори со принцот Мохамед бин Салман.
  16.  Имено, Саудијците ја организираа конференцијата “Пустинск Давос”, но поканата во последен момент беше отфрлена од 40 учесници , вклучувајќи ги и претставниците на банката HSBC, Credit Suisse, tvrtki MasterCard, Ford, Uber, Google, Goldman Sachs и други компании и банки. Германија и Канада најавија укинување на испораката на оружје во Саудиска Арабија. Исто така, многу меѓународни агенции ги повлекоа своите новинари кои требаше да го покријат настанот.

Американското раководство се соочува со многу тешка дилема. Од една страна, ако се обиде сè да прикрие, целата пропагандна слика за “царството на доброто” и “ние се бориме само за добро”, изградена со децении како во надворешната политика, така и заради своите граѓани, ќе се распаднат како кула од карти.

Од друга страна, ако се обидат да ја спасат Саудиска Арабија, Вашингтон може да привлече повеќе од 1.000 милијарди американски долари инвестиции во американската економија, нешто што принцот Мохамед бин Салман очигледно му го рекол на Мнучин.

Ситуацијата е влошена од фактот дека во последните две години Кашогги всушност бил американски државјанин, а САД се познати дека “ги штитат своите луѓе насекаде во светот”. Сега ќе видиме како Вашингтон ќе одговори на убиството на еден американски државјанин, иако нема сигурни информации дали Кашоги бил полноправно американски државјанин или дисидент управуван од саудискиот режим, со сите права што ги поседувал.

Покрај тоа, поддржувачите на Клинтон лично ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација против Трамп и фактот дека Кашоги бил нивни човек.

Кога малку подобро погледнеме , зошто некој би се грижел за смртта на Кашоги. Сепак, и покрај фактот дека тој бил исламист, непријател на Сирија и поддржувач Хилари Клинтон, не заслужува таква сурова одмазда.

Но, како Американците ќе излезат од оваа ситуација и како Ердоган ќе настојува да ги искористи колку што е можно придобивките за правдата и неговата влада. што токму и тоа го прави, можеме да гледаме со пособен интерес.

Извор:logicno