Амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара, во свое излагање истакна дека Турција ќе продолжи да ја дава поддршката на пријателска и братска Македонија.

Според местоположбата на која се наоѓа во светскиот систем и географијата, поради потребите на брзите промени и неизвесноста кои владеат во глобалната политичка атмосфера, турската надворешна политика се оформува со земање предвид на динамиките од разни страни, како и нивно разгледување.

Во склоп на гледиштето на нашата држава кон глобалните случувања, една од најважните точки за фокусирање на турската надворешна политика, како што истакнува и нашиот министер, е принципот на „претприемничкиот и хуманитарен пристап“.

Колку всушност е ефективен наведениот елемент, лично имав шанси да го воочам во Македонија. Кога започнав со мојата функција амбасадор на Република Турција во Скопје, за време на една од моите посети по селата, се сретнав со една стара жена во традиционални јуручки носии која живее во многу тешки услови. Таа кога го виде турското знаме на нашето возило, иако лично не ме познава, ме прегрна и рече „дојде госпоѓата Турција!“. Ова мое сеќавање е само еден пример за одраз на љубовта кон Турција од срцата на луѓето на оваа убава земја.

Оваа приказна која е мое лично искуство, всушност е ефективен елемент во човечките животи, како одраз на хуманитарната страна на турската надворешна политика. Во глобална смисла, во фокусот на променливите баланси и секојдневните ризици и тестирања кои се обновуваат, Турција, која се одликува со принципот „Мир во земјата, мир во светот“, со потребите на модерната ера, како и во рамките на политичките и економските капацитети кои секојдневно растат, ја оформува надворешната политика во оската на „претприемничкиот и хуманитарен пристап“.

Проекциите на наведениот став пак, се гледаат во разгледувањето на постоечките можности за соработка и создавањето нови можности за соработка, политичкиот дијалог помеѓу државите, меѓусебните економски врски и меѓуопштествената интеракција, во конкретните чекори во насока на зголемување на наведеното, и во секој дел од билатералните односи што се движи според принципот „win-win“ .

Најпретпознатливите примери од претприемничката и хуманитарната карактеристика на турската надворешна политика се гледаат во полето на хуманитарната и развојната помош. Турскиот народ во однос на хуманитарната помош има јака традиција, чии корени се простираат во историјата и културата, така што во текот на својата историја помагањето на земјите кои беа изложени на природни непогоди, војни, сиромаштија и меѓуопштествени судири ги оценуваше како човечка задача и битен фактор за стабилноста на меѓународното општество, и со ова мислење има реализирано активности.

Нашата земја, како и во минатото, и денес на секоја страна каде што ќе затреба помош без разлика на раса, вера, јазик, пол, најбрзо и во рамки на можностите се труди да ја достави хуманитарната помош, и дава придонес во меѓународните напори на овој план. Особено од почетокот на 2000-те години, нашите хуманитарни активности што со растечки тренд се одвиваат на регионално и глобално ниво, на чело со африканскиот континент, партнерските проекти кои ги започнавме како хуманитарна помош – развојна помош, и со хуманитарната дипломатија за време на изминативе седум години кај нашиот сосед Сирија, пред хуманитарната криза која се доживува, со товарот и одговорноста кои ги сносиме во име на меѓународното општество, и како резултат на креативните решенија, Турција го зема своето важно место помеѓу најважните актери во глобалниот човечки систем.

Хуманитарната помош на Турција во 2015 година изнесува 3,2 милијарди долари; во 2016 година пак, 6 милијарди долари, и од програмата „Global Humanitarian Assistance“ според подготвениот „Извештај за глобална хуманитарна помош во 2018 година“ оваа сума во 2017 година е зголемена на 8,07 милијарди американски долари. Нашата држава со наведената сума на помош, од аспект на хуманитарна помош и поддршка се наоѓа на прво место во светот.

– Турција е најдарежлива земја во светот –

Во наведениот извештај, според редоследот направен врз основа на процентот на национален доход, се гледа дека Турција со 0,85 % повторно е на прво место и ја зачувува титулата „најдарежлива земја“ во светот. Турција, со сите свои установи, вклучувајќи ги и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Црвената полумесечина и Претседателството на Управата за справување со катастрофи и итни случаи (АФАД), без разлика на далечината или блискоста ја пружа својата рака за помош кон сите луѓе од светот.

Како во целиот свет, генерално и во Македонија, во преден план излегува нашата земја како одговорна, човечки фокусирана земја, со својот совесен и принципиелен став. Веднаш по катастрофалните поплави на 6 и 7 август 2016 година во Скопје и околината, од разни установи на нашата земја е испратена помош над 1 милион евра во Македонија. ТИКА која функционира во Македонија од 2006 година има остварено над 800 проекти, кои тежат скоро 50 милиони евра.

– Турција ќе продолжи да ја дава поддршката на пријателска и братска Македонија –

Наведените проекти се во широка лепеза што се простира од здравство, па до образование, од административна инфраструктура, па до земјоделство, од културна соработка и реставрација, па до социјална одговорност, со што даде важен придонес во развојот и просперитетот на народот во Македонија.

Во склоп на нашата хуманитарна политика за нас претставува гордост поддршката која ја даваме на нашите браќа од Македонија во секоја можна прилика. Освен политичките и економските баланси, во глобалниот систем каде што социјалните и човечките фактори сè повеќе добиваат тежина и во времето на неизвесност во кое се наоѓаме, турската надворешна политика се одликува со хуманитарната страна, со тоа што зазема место покрај оние што имаат потреба од помош, без разлика на тоа дали се далеку или блиску, како и по претприемливиот став за кој најосновно е зачувувањето на мирот и стабилноста.

Во таа смисла, во рамките на вкоренетата традиција на солидарност која датира стотици години, Турција ќе продолжи да ја дава поддршката на пријателска и братска Македонија.