Ердоган: Турција е единствена земја во светот во која сите граѓани имаат општо здравствено осигурување

0
225

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на отворањето на едно училиште за деца со посебни потреби во Истанбул и притоа истакна дека Турција е единствената земја во светот во која сите граѓани се згрижени под покривот на општото здравствено осигурување.

Ердоган во својот говор напомена дека се додека земјата оди кон уште понапред одредени средини чувствуваат вознемиреност од тоа и појасни дека тие исти средини за да го сопрат овој напредоик на Турција поставуваат невидени стапици во историјата.

Велејќи дека и покрај стапиците кои што се поставуваат нема да се направи отстапка од напредокот, Ердоган истакна дека Турција им ја подава својата рака за помош и на угнетените во светот.

Тој подвлече дека Турција од аспект на националниот доход со кој што располага се наоѓа на првото место во светот според помошта што им ја доставува на сиромашните и загрозените, а воедно потсети дека на второ место се наоѓаат САД.

Укажувајќи и на реформите кои што се реализираат во сферата на здравството во последните години, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Единствената земја која ги згрижува сите свои граѓани под покривот на општото здравствено осигурување сме ние. Тоа се однесува и на САД, тие се уште не ја реализираа реформата во здравството.“

Ердоган истакна дека Турција во единство и заедништво ќе достигне до поразлично ниво и рече: „Нова Турција заедно со неја самата, ќе ја подотвори вратата на еден сосема нов свет за секого во регионот во кој што се наоѓа.“