Фудбалскиот клуб Ал Вахда, во четвртокот го пречека шампионот на УФК, Хабиб Нурмагомедов, на нивниот стадион “Ал Нахјан” во главниот град на ОАЕ.

Во текот на својата посета, Хабиб беше пречекан од представници фудбалскиот клуб Al Wahda..

Информацијата за доаѓањето на Хабиб претходно беше објавена на твитер профилот на овој клуб со наслов “ Хабиб е тука“, информација која предизвика големо внимание на јавноста во Емиратите.

Во текот на посетата, Хабиб бил запознат со успесите и работата на овој клуб, каде му беше подарен дрес со број 27, со негово име, и на предната страна со ликот на основоположникот на Емиратите Зајед Нахјан, подарок кој вообичаено се дава на лица за кои одредени спортски клубови сметаат дека трема да им се дадат на спортисти кои допринесуваат со успеси во светот на спортот.

Во текот на својот претстој, имал средба и со карате представниците на ОАЕ, каде имал и мала борба со дел од представниците (каратисти) на овој спорт.

Наскоро информации и од средбите и разговорите со познатите личности на Емиратите.