Турскиот Мастиф ги освојува срцата на љубителите на горостасните кучиња чувари

0
153

Горостасното турско куче, Аксарајски малаклиси, исто така познат како и турски мастиф, ги освојува срцата на љубителите на силните кучиња ширум светот, објави агенцијата Анадолу (АА).Turski mastif osvaja srca ljubitelja gorostasnih pasa čuvara

Тоа е автохтонен тип на куче чувар и овчарско куче со тежина до 65 килограми и исто така поголем од познатото кангланско куче од Анадолија.
Во Аксарај моментално има седум модерни фарми каде се одгледуваат турски мастифи и од каде се продаваат на клиенти од целиот свет.

Грижата за овој вид ја води Здружението за заштита на аксарајскиот малаклисија (АКМИД), а корисниците од ова здружение ги добиваат сите информации за младенчето кое сакаат да го купат.

Turski mastif osvaja srca ljubitelja gorostasnih pasa čuvara
Годишно од Турција се извезуваат стотици младенчиња. Германија, Велика Британија, Холандија, Бугарија, Романија, Русија, Кина, Бразил, Аргентина се некои од земјите кои најчесто доаѓаат за овој вид кучиња, а во последниот период десетици поминале низ повеќе африкански земји.

Претседателот на АКМИД, Муамер Типирдамаз,изјавил за АА дека турскиот мастиф најчесто се користи како куче чувар или како овчарско куче.
“Соработуваме со одгледувачи и ги извезуваме најдобрите младенчиња за да го прославиме ваквото нешто што секако го заслужуваме. Се уште работиме на заштита на видовите и нејзината промоција низ целиот свет”, изјавил Типидамаз.
Тој истакнал дека одгледувањето на чистокрвни мастифи бара многу работа, инвестиции и одрекување.

Turski mastif osvaja srca ljubitelja gorostasnih pasa čuvara
“Два месеци од раѓањето се храната исклуиво со доење, а потоа започнува бараната фаза на хранење со месо и други додатоци. Тајната на нивниот раст е мешавината добиена со мешање на јачменот, јајцата, млекото и водата. Со тоа се храни целиот животен век, и тоа им дава сила и издржливост “, изјавил Типирдамаз.
Турскиот мастиф е најголем и најсупериорен во семејството на овчарски кучиња од Анадолија, и е опишан како стабилен, храбар, независен, радикален, флексибилен и активно куче. Често се нарекува и “Анадолски лав”.