АНТИИСЛАМСКИ ЧИН / Со одлука на институциите: Се забранува кланање во џамијата Таџ Махал, освен за време на џума

0
160

Властите во Индија забранија обавување на молитва (кланање) во џамијата Таџ Махал, освен во петокот за време на џума-намаз.

Одделот за археолошки истражувања на Индија издаде директива според која муслиманите веќе нема да можат да извршуваат молитва во џамијата во Таџ Махал освен во петок. Васант Сваранкар, претставник на канцеларијата, за The Times ofIndia”, изјавил дека директивата била издадена во согласност со претходната одлука на Врховниот суд на Индија.

– Намаз во џамијата ќе се клања само во петок и ќе можат да присуствуваат само локалните жители со задолжително прикажување на личната карта изјавил Сваранкар.

Шефот на џамискиот одбор, Сиед Ибрахим Хусеин Заиди, остро ја осуди забраната и ја нарече антимуслиманска.

– Тоа само го покажува нивниот ментален склоп. Забраната е нелегална и не можете да им забраните на верниците да извршуваат намаз секој ден изјавил Заиди за АА.

Во јули оваа година, индискиот Врховен суд ја наредил да се забрани на муслимани од други места да се молат во џамијата.

Во одлуката вели дека џамијата е дел од комплексот на Таџ Махал што е едно од седумте светски чуда и чија заштита е приоритет.

Таџ Махал е архитектонски споменик во Агра кого во 16 век го изградил шах Џахан како мавзолеј за неговата сопруга Мумтаз Махал.
Комплексот се состои од централна октогонална зграда од бела боја мермер, џамија и куќа за одмор.

Илјадници туристи секојдневно го посетуваат Таџ Махал како едно од најспектакуларните архитектонски дела во светот.