„Русија и Турција заедно се движат кон решение во Сирија“

0
37

Поранешниот шеф на руската дипломатија, Игор Иванов, истакна дека Русија и Турција напредуваат кон мировно решение за сириското прашање, земајќи ги предвид интересите на сите страни.

Поранешниот руски министер за надворешни работи, Иванов, во разговор со Anadolu Agency (AA) говореше за заедничките напори на Русија и Турција во наоѓањето решение за сириското прашање.

Иванов нагласи декс Русија и Турција имаат политики за мировно решение на сириското прашање, и дека во рамки на ова прашање, двете земји ги земаат предвид долгорочните национални интереси на сите страни.

Иванов рече дека овие политики ќе донесат стабилност не само за Сирија, туку и за целиот Среден Исток.

„Најистакнатата карактеристика на руско-турскиот пристап е спречување на пролевање на крвта во Сирија и сериозно движење кон мировно решение, земајќи ги предвид интересите на сите актери“, додаде тој.

Иванов нагласи дека доколку земјите од регионот и другите земји го следат пристапот кој го покажаа Русија и Турција, лесно може да се реши сириското прашање, и дека на овој начин сириското прашање ќе биде значаен елемент во решавање на проблемите во Средниот Исток.

„Покрај важноста и тешкотијата, не треба да се заборави дека сириското прашање не е единсвениот проблем во регионот. Не само во Сирија, туку во сите региони постојат длабоки конфликти. Но, Сирија беше тоа што најмногу привлече внимание. Решавајќи ги проблемите во Сирија, треба да мислиме дека ова е само дел од проблемите во регионот. Овој проблем треба да се реши во регионален контекст“, рече Иванов.

Иванов истакна дека и покрај различните гледни точки на Русија и Турција, открил дека е можно да се решат конфликтите.

„И покрај сите различности меѓу Русија и Турција, во ваков краток период беше покажано дека може да се добијат сериозни резултати, ако се земат предвид високите интереси на двете земји, и ако лидерите на двете земји имаат политичка волја. Ова не е само политичка реторика, туку се покажува и во практика“, додаде тој.

Иванов рече дека поради соработката во Сирија, соработката меѓу Русија и Турција е проширена и во други области, и дека е важно да продолжи овој процес.